Во ова време на пандемија има бројни дискусии за начинот на причестувањето на верниците и сакаме да потсетиме за традицијата и праксата на Црквата во 4. век, времето во кое живеел свети Кирил Ерусалимски и како што тој поучувал.
Свети Кирил Ерусалимски бил епископ во Ерусалим и црковен учител. Неговото име е од персиско потекло и значи „млад цар“. Роден е околу 313 година во Ерусалим или близу Кесарија. Неговите родители биле христијани, па го израснале својот син во христијански дух. Многу добро ги познавал Светото Писмо и делата на црковните писатели. Бил ракоположен околу 335 година за ѓакон, во 343 година за свештеник, во период на остри теолошки дебати, политички и црковни конфликти. Уште како свештеник се истакнувал како добар катехист, држејќи катехези во 347 и 348 година. Околу 351 година е избран за епископ во Ерусалим. Како противник на Аријанците (кои учеле дека Христос не е едносуштен со Бог Отецот), влегол во конфликт со аријанскиот епископ Акасиј од Кесарија. Го наклеветил Кирил и покрај верските заблуди, го обвинил за продажба на скапоцениот црковен палиум.
Во 358 година, Кирил бил прогонет во Тарс (денес Турција), каде што преку својата служба и проповедање ја стекнал наклоноста на верниците и епископите. Бил прогонуван уште двапати и поминал вкупно 17 години во прогонство. Се вратил во Ерусалим во 378 година и учествувал во 381 година на Вториот вселенски собор во Цариград, кој го признава неговото правоверие и законитост. Одличен вероучител, кој се прославил со своите катехези (23 катехези и една воведна катехеза), во која ги развива и толкува верските вистини и науката за трите важни христијански таинства: Крштение, Миропомазание и Евхаристија. Починал во 386 година во Ерусалим после 36 години епископство, од кои 17 години поминал во прогонство. Папата Лав XIII го прогласува за црковен учител во 1883 година. Многу парохии и цркви во светот се посветени на него.
Во петта мистагосиска катехеза за причест на рака свети Кирил Ерусалимски истакнува:
„Пристапувајќи на светата трпеза, да не се појавуваме со испружени дланки и раширени прсти; туку левата рака, како престол да се стави под десната рака, која треба да го прими Царот и држејќи ја стисната и вдлабната десницата, се прима телото Христово, одговарајќи: Амин. И откако внимателно ги посвети и твоите очи од допирот со светото Тело, изедете го, внимавајќи да е се изгуби ниту едно парче од него; да, ако дозволиш да се изгуби некое парче мора да земеш во предвид дека си изгубил еден дел од твоите сопствени удови.“
Лаудато/к.мк