Штанд на волонтерите на „Католици.мк“ и Светлина
На 7 јули 2016 година, на празникот Раѓање на Свети Иван Крстител, во црквовниот двор на парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица, волонтерите на Католици.мк и Светлина поставија штанд со цел да ги запознаат присутните верници со активностите и работата на веб страницата „Католици.мк“ и христијанското списание „Светлина“.
Преку овој штанд верниците имаа можност да остварат поблиска средба со волонтерите, добивајќи од присутните подршка, предлози и идеи со цел да се подобри квалитетот и содржината на страница.
Волонтерите на „Католици.мк“ формираа и клуб на пријатели, преку кој ќе се помага и подржува работата на страницата. Волонтерите истакнуваат дека најголема помош за нив е молитвената подршка, а секако и посетеност и читаноста, кои се поттик за понатамошно волонтерско ангажирање.
Волонтерите на Католици.мк и Светлина прв пат организираат штанд за промоција на страницата со планови ваквите активности да продолжат и понатаму и со нивната присутност да сведочат за нивното заедништво со Црквата.
к.мк/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
За авторот
Слични написи
