Швајцарските гардисти – „Лични пријатели на Папата“

Папата Фрањо во понеделник 4 мај се сретна во Ватикан со членовите на Швајцарската гарда, пред полагањето на заклетва на 32 нови членови, кое ќе се одржи во среда на 6 мај. Папата им се заблагодари за нивната служба, која поради близината на Папата, ја нарече „лично пријателство, а тоа пријателство се темели врз Христовата љубов.

Светиот Отец ги спомна и Духовните вежби на свети Игнациј од Лојола, кој и самиот во младоста бил војник. Во едно од размислувањето зборува за „повикот на Кралот“, т.е. Христа, кој бара од оние што сакаат да го следат да бидат задоволни со истата храна и пиење како и со истата облека како и тој; да бидат спремни да бдеат и ден и ноќ, со цел да учествуваат во неговата победа. Во второто размислување, свети Игнациј го споредува светот со два воени логори; еден под знамето на Христос, а другиот под знамето на ѓаволот. Постојат само тие две знамиња и за христијанинот изборот е јасен: тој го следи знамето на Христа, истакна Папата додавајќи дека Христовиот војник учествува во животот на својот Господ.

Папата на крајот им се заблагодари на гардистите бидејќи кога и да има дополнителни задачи, секогаш може да се смета на Швајцарската гарда, но најмногу им се заблагодари за нивните молитви. „И јас се молам за вас и за вашите најблиски и ве доверувам под заговорот на вашите заштитници, свети Мартин, свети Себастијан и свети Никола од Флуе“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот