Проповедта на папата Фрањо за време на светата Литургија на празникот Богојавление на 6 јануари во базиликата свети Петар се однесуваше за смислата и важноста од поклонувањето, Да се поклонуваме значи да се оди до оној важниот;, тоа е начинот на ослободување од многу бескорисни работи, од зависности кои го умртвуваат срцето и го зашематуваат умот – истакна Светиот Отец
Поклонувањето е чин на љубов кој го менува животот – истакна папата Фрањо за време на проповедта на светата Литургија за Богојавление. Обраќајќи се до присутните верници во базиликата Свети Петар, Светиот Отец најпрво се осврна на ликовите на мудреците и Ирод, кои претставуваат два различни патишта. Целта кон која мудреците одат е да се поклонат на Бог, што е и смисла на одот во христијанскиот живот. Тоа е од кон Господ, а не кон самите себе. Наспроти тоа, Ирод се обожава единствено само себе.
Кога човек не му се поклонувашна Бог, тоа води до обожавање на самиот себе. Дури и христијанскиот живот без почитување на Господ може да биде човечки начин на истакнување на самиот себе и своите способности – рече Светиот Отец и предупреди: Тоа е сериозен ризик, да се служи со Бог, а не да му се служи. Колку пати интересот на Евангелието сме го замениле со сопствените интереси, колку пати она што ни одговара сме го направиле со религизоност, колку пати власта според Божјата замисла, односно да се служи на дурите, сме ја земениле со власта како што ја замислува светот, а тоа е служење на самиот себе.
Без поклонување не се познава Бог
Освен Ирод во Евангелието постојат и уште некои лица, кои не одат да му се поклонат, а тоа се првосвештениците и книжниците. Ги познаваат пророштвата, знаат каде треба да се оди, но не одат. Од тука можеме да извлечеме поука, рече Папата и обајсни: Во јхристијанскиот живот не е доволно да се знае; без излегување од самиот себе, без средба, без поклонување не се познава Бог. Теологијата и пасторалните ефекти малку користат доколку не се падне на колена, ако при тоа не се следат мудреците.
Со поклонувањето се сфаќа дека верата не е сведена на збир убави учења, туку станува збор за однос на љубов кон живата Личност. Во средбата лице во лице со Исус го препознаваме Неговиот лик. Поклонувајќи му се откриваме дека христијанскиот живот е љубовна приказна со Бог, каде што не е довоно да се има добри идеи, туку Него треба да се стави на прво место, онака како што некој кој е вљубен прави со личноста која ја сака. Таква мора да биде и Црквата, поклонителка вљубена во Исус, својот свршеник – рече Папата.
Излегување од најголемото робување
Ако бидеме во состојба да клекнеме пред Исус, ќе го победиме искушението секој да оди по својот пат – истакна Папата и додаде: Всушност, поклонувањето значи излегување од најголемото робување, она на самите себе. Поклонувањето значи да се стави Господ во центар, како не не би биле концентрирани на себе, да им се даде вистински ред на работите, првото место да се препушти на Бог. Поклонувањето значи да се ставиме во Божјите планови пред моето време, моите права, моите простори. Тоа е прифаќање на науката на Светото Писмо. На Господа, твојот Бог, да Му се поклонуваш… (Мт 4,10).
Поклонувајќи му се дозволуваме Исус да нè менува
Поклонувањето значи да се почуствува дека припаѓаме едни на други и на Бог, да се нарече Бог со „ти“ во својата внатрешност, оживотворувајќи Го, пуштајќи Го да влезе во нашиот живот, да се направи Неговата утеха да слезе во светот. Поклонувањето значи дека за молитва е доволно да се каже: Господ мој и Бог мој! (Иван 20,28) и да се препуштиме на Неговата нежност. Поклонувањето значи да се сретнеме со Исус без листа на барања, со една молба, да бидеме едно со Него. Кога се поклонуваме дозволуваме Исус да нè излекува и промени.
Со поклонувањето му даваме на Господ можност да нè преобрази со својата љубов, да ни ја осветли темнината, да ни даде сила во слабоста и храброст во искушенијата. Да му се поклонуваме значи да се оди до она важното; тоа е начин за ослободување од моите бескорисни работи, од зависноста која го умртвува срцето и го зашаметува умот – истакна Папата и додаде: Со поклонувањето се учи да се отфрли она на што не смееме да му се поклонуваме, односно на богот пари, богот потрошувачка, богот уживање, богот успех и сопственото „его“ воздигнато до статус на бог.
Големината на животот е во љубовта
Да се поклонуваш значи да се биде мал во присутноста на Севишниот, да се открие преку Него дека големината во животот не е во тоа колку имаме, туку колку љубиме. Да се поклонуваме значи пред таинството на љубов која ги надминува сите оддалечености, повторно да откриеме дека сме браќа и сестри, да го црпите доброто од изворот и во блискиот однос со Бог да најдеме храброст да се приближиме на другите. Да се поклонуваш значи да се биде во состојба на молчење пред божественото Слово, како би научиле да изговараме зборови кои не рануваат, туку утешуваат – рече Папата.
Дали се поклонувам на Господ?
На крајот од проповедта Светиот Отец поттикна секој да си го постави прашањето: Дали сум христијанин кој се поклонува? Црквата мора повеќе да ја истакнува молитвата со поклонување. Мораме да растеме во поклонувањето. Тоа е мудрост која секој ден мораме да ја учиме. Многу христијани кои молат не знаат да се поклонуваат. Да пронајдеме време во денот за поклонување и да создадеме простор за поклонување во нашите заедници – поттикна папата Фрањо и истакна дека тогаш како и мудреците ќе ја доживееме големата радост.
Ватикан њуз/к.мк