Четврта средба со младите од Струмица по повод Денот на млади
Струмица, 8.7.2013 /к.мк/ – На 7 јули во Катедралната црква Успение на Пресвета Богородица – Струмица се одржа четврата подготвителна средба за денот на младите. Средбата започна со молитва и беше пропратена со духовна музика, а презентација на обработените теми за втората работна група направи Спасе Стојанов, кој ги презентираше темите: „Споредба на душата и телото“, и „Одбрана од атеизмот“. По завршувањето на средбата следуваше дружење во дворот на црквата.
Категорија:
Македонија