Честитка за Божиќ од претседателката Сиљановска – Давкова до бискупот Стојанов

Честитка за Божиќ од претседателката Сиљановска – Давкова до бискупот Стојанов

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

Почитуван д-р Стојанов,

Ми претставува особено задоволство на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, да ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ.

Искрено посакувам најсветлиот ден да внесе мир, љубов и радост во вашите срца и да вроди верба и надеж за похумана иднина.

Божиќ е симбол на ново раѓање, нов и поубав живот. Тој нè потсетува на безусловната љубов, дарувањето и заедништвото и ни дава духовна сила и спокој.

Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, да не заборавиме на нашиот заеднички дом – татковината.

Да го чуваме и почитуваме нејзиното достоинство за да бидеме и самите достоинствени и почитувани!

Честит Божиќ!

Гордана Сиљановска – Давкова

фото: pretsedatel.mk

Категорија: Вести, Македонија

За авторот