Бидејќи сме во време на исчекување на раѓањето Христово потребно е да поработиме и на еден од плодовите на Светиот Дух, а тоа е трпеливоста.
Да се запрашаме заради што обично ни исчезнува трпението? Дали се во прашање некои личности? Ми се случува често да го загубам трпението заради однесувањето на мојот брачен другар, родителите или децата, свештеникот, народот Божји на кој му служам? Дали сум склон да ги загубам нервите кога сум притиснат од времето? Станувам ли нетрпелив кога некаде доцнам или кога морам некој да чекам? Го губам ли трпението кога сум уморен, гладен, поспан, болен или под стрес? Дали почесто ги губам нервите на работа или дома? Зошто е добро да утврдам од која причина обично го губам трпението? Во почетокот веројатно ќе мора многу да се воздржувате, но со текот на времето ќе станете многу трпелив, па во напнатите ситуации целосно спонтано ќе ја покажувате таа прекрасна особина.
На човекот му е тешко да биде трпелив кога е изложен на голем стрес заради тоа што има работа „преку глава“, растргнат е на сите страни и се труди да остане во контакт со мноштво луѓе, а мора многу работи да заврши во еден ден. Стресот е една од главните причини заради кој го губиме трпението. Затоа треба да престанеме со брзање и малку „да ја смириме топката.“ Добро да размислиме за тоа на што го трошиме времето и мудро да си поставиме приоритети. Внимавајте најразличните хоби и современата комуникациска технологија да не ви одземаат премногу време.
Ако сакаме да го поедноставам својот живот можеби би било добро и да анализирам како обично ги поминувам деновите. Можам ли да се откажам од некои активности за да имам повеќе време за себе? Можеби сега е време да се ослободам од некои обврски или активности кои ми одземаат премногу време. Треба реално да гледаме на животот. Некои работи не се одвиваат во животот како што ние сме ги замислувале па треба да се вооружаме со трпеливост. Треба да имаме на ум дека не можеме секогаш да ги држиме уздите во свои раце и да имаме влијание на околностите во кои се наоѓаме. Наместо да ги губиме нервите заради нешто на што не можеме да имаме влијание подобро да се фокусираме на она на што можеме да имаме влијание. Многу луѓе кои веруваат дека Библијата е вдахната од Бог, согледале дека примената на нејзините совети им помага да бидат потрпеливи. Библијата покажува дека човекот кој се труди да развие близок однос со Бог настојува во однесувањето со своите ближни да покаже трпеливост и кон другите важни особини како што се: љубов, радост, мирољубивост, самосовладување.
Господи Боже ми се случува да не ме разбираат и лажно да ме обвинуваат. Понекогаш имам впечаток дека сум виновен што сум жив. Но, тогаш се потсетувам дека Ти ме сакаш и Ти ме оправдуваш, а мое е трпеливо да ги поднесувам сите обвинувања, лаги, озборувања и клевети и да се погрижам да бидам праведен во Твоите очи. Амин.
Апликација Секој ден со Бог /к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк