Цунами на папата Фрањо

Никаква бирократија, никакво посредништво, Римскиот епископ, кој самиот никогаш не се нарекува папа ги преврте старите обичаи. Пред сѐ, Фрањо им покажа на сите дека не сака да биде изолиран. Било тоа да е поради тоа што не ја сака осаменоста или, пак поради тоа што преферира да остане во постојан контакт со куријата, следејќи ја одблизу.

Така се објаснува и одлуката на Светиот Отец да остане во Света Марта, дом сличен на хотел, каде престојуваат свештеници и епископи кои работат во Светата Столица, односно во Државниот Секретаријат, нунции што се на минување, како и кардинали кои немаат постојан престој во Рим.

Светиот Отец се буди во 4 часот наутро, телефонира од својот мобилен разбудувајќи ги монсињорите од половина свет („Ало, овде е папата Фрањо.“ Повикот се реализира без да минува низ разни централи и секретарки, многумина, на почетокот мислеа дека се работи за некаква шега). Околу 6 часот Папата појадува во заедничката трпезарија во домот Света Марта. Во трпезаријата не сака да има резервирано место за него, повеќе сака да седне таму каде што е слободно. Секое утро во 7 часот Папата служи света Литургија.

„Претходно, овде во капелата кога се служеше света Литургија имаше многу малку народ. Денес е тешко да се најде место, макар и за стоење, луѓето сѐ приморани да дојдат уште во 6 часот за да имаат место“, објаснува еден свештеник. Облеката на Светиот Отец, исто така, е едноставна. Некои негови пријатели Аргентинци сакаа да му подарат еден пар нови црни чевли, но тој не ги сакаше.

Папата Фрањо ги сослушува сите, но на крајот сам одлучува, со своја глава. Се уште не постојат „советници“ или „довереници“. Папата Фрањо во Аргентина беше навикнат да прави сѐ сам (го користеше метрото, немаше личен секретар, имаше само куќна помошничка од која не бараше и да му готви), а изгледа дека и во Рим нема намера да ги промени сопствените навики“. Ако клерот тешко се приспособува на стилот на Бергољо, што да кажеме пак за ватиканската жандармерија или телохранителите, тие мораат да внимаваат на многу блиските поздрави и контакти што ги има папата Фрањо со верниците.

Папата често намерно ја менува својата дневна агенда и не ги следи строгите протоколи за безбедност. „Во март, неколку дена по неговиот избор, најави дека има закажано средба, позади салата Павле VI на една група пријатели од Аргентина. Делегација од десетина лица за која никој ништо не знаеше. Се слушнал тој самиот директно на телефон, прескокнувајќи го целиот протокол за безбедност предвиден за приватните аудиенции.“ Пред присутните епископи, Бергољо, прво ги прими внатре, потоа ги прегрна сите по ред и на крајот замоли, бидејќи беше 3 часот попладне, а гостите изгледаа гладни, да се подготват за нив сендвичи. Исто како што порано немавме видено Папа да подготвува сендвич од мармелад за еден чувар од ноќната смена на Швајцарската гарда.

Извор: free-italia.net

Превод: В.Н.

Категорија: Колумни

За авторот

Write a Comment

<