Соочување со предизвиците на учениците и мисионерската преобразба која освен Филипините треба да го опфати азискиот континент, а и понатаму – е налогот кој папата Фрањо го довери на учесниците на петтата Конференција за нова евангелизација која од 18 до 22 јули се одржува во Манила, на Филипините.
За таа пригода Папата до сите учесници ги испрати своите најдобри братски желби, и тоа во пораката упатена до Апостолскиот нунциј во таа земја надбискупот Габриеле Качи, а која во текот на светата Литургија со која започна конференцијата ја прочита кардиналот Луис Антонио Тагле, надбискуп на Манила.
Потсетувајќи на апостолскиот поттик Evangelii Gaudium, Папата – како што напомена нунциј Качи – истакнува колку денес е важно Црквата да излезе и да навестува на сите, на сите места, во сите прилики, без двоумење, без одбивност и без страв, затоа што радоста е Евангелието за целиот народ, никој не смее да биде исклучен.
Теми за размислување – парохија, работа, семејство
Целта на конференцијата е да понуди уверливо искуство за Исус, Црквата и посланието. Станува збор за можност за вкоренување во Исус – објасни кардиналот Тагле и истакна дека нема евангелизација ако повеќе пати не се вкорениме во личноста на Радосна вест, во Исус. Тој е овоплотеното Евангелие – истакна кардиналот. Освен општите заседавања, работите на конференцијата – која прв пат се одржала во 2013 година – се посветени на различни теми меѓу кои се: парохијата, образованието, работата, семејството, младите, дигиталните медиуми и социјалните мрежи, катехезите, посланието, новите должности.
РВ/к.мк