Црквата секогаш треба да чекори кон Бог и кон луѓето

Црквата е вистинска ако е во движење, во двоен излез: кон Бог и кон браќата, инаку „е некое општествено здружение“ – истакна папата Фрањо во директен разговор со аргентинското радио на парохијата Богородица Кармелска во градот Кампо Гало.

Црквата свиткана над самата себе е како стоечка вода во некое мочуриште, умира. Напротив, за да биде Црквата жива треба да гледа пример во „поклониците“ и неуморно да оди како што Исус ја учи: кон Бог и кон браќата. Изгледаше по говорот и по тонот како Папата да зборува во капелата на домот Света Марта, а тој директно зборуваше на другата страна на светот, на парохиското радио во градот Кампо Гало на север на Аргентина, каде што верта е исполнета со народната побожност, големата поддршка на народот кој е многу сиромашен.

Верата го грее латино-американското срце истакна Светиот Отец, особено кога зборува за побожноста кон Дева Марија. Нашиот народ не е сираче: има Мајка (…) Дете без мајка има осакатена душа, а народот без мајка е сираче, сам, безживотен, безидеен, без нежноста која единствено мајката ја дава – рече папата Фрањо.

Потоа Папата како и секогаш се осврна на потребите. Црквата живее од милостињата на верниците, заедно со светите Тајни и молитвите. Благодарам на сите кои ефикасно ја живеат верата и кои од нешто се лишуваат, од некоја работа или пари за да ви дадат на вас – рече Папата и објасни дека не е важна количината на помошта, туку поддршката, важно е што мислат на вас – рече Папата.

Ако недостигот на добра може да биде повод за исклучување од општеството, тоа не е случај кога се зборува за христијански живот, бидејќи по кршението сме богати. Посебно поклоникот е слика на Црквата во излегување, во мислите на Папата заљубен во периферијата. Нашата Црква не смее да се измори од одењето. Ако некоја заедница не е ходочасничка, ако нема ходочасничко срце, бидејќи е преокопирано единствено со себе тогаш нема ходочаничко срце ниту за поклонување на Бог, ниту да им помогне на браќата, таа Црква е изморена и треба што побрзо да се воскресне. Поклоничкото патување кое го прави еднаш годишно треба да го прави секош во секојдневниот живот: поклоничко патување кон Бог за да му се поклонува, поклоничко патување кон Дева Марија да се сеќавате и да љубите и поклоничко патување кон мажите и жените и потребите на нашиот народ – поттикна Светиот Отец.

Ниту овој пат Папата не ја заобиколи својата омилена тема: озборувањето. Секогаш е важно да се зацврстува единството, иако секогаш ќе има различни гледања, конфликти но, важно е да се усогласат, братски да се решат. Не доликува на христијаните едни на други да си ја отстрануваат кожата – повтори Папата.

Обраќајќи се на младите Папата ги поттикна без страв да одговорат на Божјиот повик, да видат колку добро можат да направат, колку утеха ќе донесат, христијанската порака која можат да ја пренесуваат и да не се плашат. Животот е затоа за да се живее, а не да се гледа (…) Ако некој чувствува дека Бог го повикува да основа семејство тоа нека биде христијанско семејство, големо, прекрасно, со многу деца – рече Папата

Поздравувајќи ги слушателите на крајот на разговорот Папата рече: Бог нѐ љуби, секогаш нѐ чека. Не се изморува да ни простува. Го молам Господ да ги благослови сите слушатели, да им даде сила за живот и борба; храброст за да не дозволат да им ја украдат надежта и посебно да ги помилува и развесели – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот