Црквата во Пакистан верува дека младите се одговорни за промените во општеството и дека можат да имаат одлучувачка улога во нацијата
Пакистанската бискупска конференција ја прогласи 2020 година за „Година на младите“. Таа одлука е во согласност со упатствата кои се произлезени од последната Епископска синода во Ватикан – истакна за Фидес, претседателот на Пакистанската бискупска конференција, надбискупот Јозеф Аршад. Црквата во Пакистан верува дека младите се одговорни за промените во општеството и дека можат да имаат одлучувачка улога во нацијата, посебно во промовирањето на еванагелието на мирот преку пријателство и заедништво меѓу младите, кои припаѓаат на различните религии, етнички групи и култури.
Годината на младите ќе ги вклучи сите католички заедници и подразбира дарување и ширење на вредностите на евангелската љубов, надеж, единство, мир и меѓусебно почитување како младите би можеле да го негуваат единството, мирот и заедништвото во пакистанското општество, нудејќи пример за соживот меѓу луѓето од различни вери.
Со тој поглед пакистанскиот Каритас заедно со други здруженија, како што е „Jesus Youth Pakistan“, започна проект „Млади за мир“, повикувајќи ги младите да бидат градители на мирот. Цел е преку нив да допрат до младите муслимани, хиндуси и други верски групи, како би се допрело и до целото пакистанско општество
Работиме на тоа во сите да се роди свеста дека заедништвото и мирот се заедничко добро и главна цел за целата нација – истакнува Комисијата на Пакистанската бискупска конференција „Правда и мир“. Важно е да се започне со таква работа и да се подигне свеста во училиштата и во образованието на младите. Нетолеранцијата и омразата често пати се јавува и во училишните клупи. Иднината на Пакистан зависи од тоа колку вредностите како мирот и правдата ќе влезат во образованието на новите генерации.
Ватикан њуз/к.мк