Црквата во Бразил со радост го очекува папата Фрањо

Ватикан, 30.6.2013 /к.мк/ – Црквата во Бразил со радост го очекува доаѓањето на папата Фрањо, изјави Рајмундо Дамскено Асис, архиепископ на Апарецида, за време на неговиот престој во Рим, кој овие денови се сретна и со Светиот Отец, за да разговара за деталите од посетата на Папата. Папата Фрањо ќе го посети Бразил по повод Светскиот ден на млади, а во таа прилика ќе го посети и Богородичното светилиште во Апарецида.

Говорејќи за Радио Ватикан во сабота 29 јуни, кардиналот Асис истакна дека се големи очекувањата во Бразил од посетата на Папата. Тое воедно ќе биде негово прво меѓународно патување, и тоа на неговиот континент, и во земјата во која живеат најголем број католици во светот. Го очекуваме со голема радост, бидејќи ќе слушнеме зборови од Светиот Отец кои ќе им помогнат на младите во Бразил, но и на сите млади кои ќе дојдат во Рио де Жанеиро, на која ќе се даде поттик повеќе да се сака Исус Христос, и да се живее својата вера. Тоа ќе биде за младите голем поттик – истакна кардиналот.

Говорејќи пак за светилиштето во Апарецида, кардиналот истакна дека секоја година го посетуваат околу 11 милиони поклоници, и напомена дека по конференцијата во Апарецида и посетата на папата Бенедикт XVI, ова светилиште стана познато во целиот свет. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<