На денешен ден во Скопје е родена Света Мајка Тереза

На денешен ден во Скопје е родена Света Мајка Тереза

На денешен ден, 26 август 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија во Скопје е родена, Гонџа Агнез Бојаџиу – света Мајка Тереза

Мајка Тереза, заштитничка на сиромашните и немоќните ја паметиме како скромна жена во бела облека и сини ленти, која целиот живот го посвети служејќи на оние на кој помошта им е најпотребна. Оваа посебна жена ќе остане запаметена по своите големи дела, но и зборови, кои и денес се присутни меѓу нас.

Мајка Тереза во 2003 година е прогласена за блажена, а 13 години покасно папата Фрањо го потпиша декретот за канонизација, со која беше прогласена за света во 2016 година. (…)

По повод нејзиниот роденден донесуваме 15 нејзини цитати.

  1. Ако не можеш да нахраниш сто луѓе, нахрани само еден човек.
  2. Оние кои ги осудуваат луѓето, немаат време да ги сакаат.
  3. Некои луѓе во твојот живот влегуваат како благослов, а некои како лекција.
  4. Ние не сме создадени за да правиме големи работи. Но затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.
  5. Осаменоста и чувството дека не си сакан е најголемото сиромаштво
  6. Не е важно колку работиш, туку е важно колку љубов внесуваш во она што го работиш.
  7. За да го вратиме мирот не ни треба оружје и бомби, ни треба љубов и сочуство.
  8. Мирот започнува со насмевка.
  9. Пречекејате се едни со други со насмевка, затоа што насмевката е почеток на љубовта.
  10. Пронајдов парадокс. Ако некој го сакаш до болка, тоа значи дека болка повеќе нема да има, туку само многу љубов
  11. Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.
  12. Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Оди дома и сакај го своето семејство.
  13. Најди време за игра, тоа е тајна за вечна младост.
  14. Секој кој ќе се приближи до тебе нека си замине подобар и посреќен.
  15. Во светот има повеќе глад за љубов и почит, отколку за леб.

к.мк

Категорија: Вести, Духовност

За авторот