Цветници во Куманово

Цветници во Куманово

На празникот Цветници, 10 април 2022година во Куманово се одржа процесија, која започна од градскиот плоштад. Таму најпрво дон Томаш Бак, парох во Куманово, ги посвети гранчиња и потоа присутните се упатија во процесија во капелата „Раѓање на свети Иван Крстител“ каде се служеше света Миса, во која истакна дон Бак дека е многу важно овие денови до Страсната седмица да ги проживееме со нашата вера, односно дека Господ Исус Христос влегува во Ерусалим за да го даде својот живот за сите луѓе.

Во продолжение на неговата проповед тој рече: И ние во Куманово сме повикани да го примиме Христа, кој сака да се сретне со Кумановци и сите кои тука живеат.

На крајот од славењето следуваше агапе.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот