Христос: Центар на созданието, Божјиот народ, историјата и човештвото

На празникот Христос Цар на сите созданија, последната недела од литургиската година, папата Фрањо на плоштадот Свети Петар во Ватикан славеше Литургија по повод завршување на Година на верата. Во проповедта Папата ја повика Црквата и секој верник поединечно да препознаат во Христос центар на созданието, Божјиот народ, центар на историјата и човештвото. Но, пред сѐ ги повика сите верници повторно да го стават Христос во центарот на сопственото срце, и покрај сопствените ограничувања, и со потполна сигурност да можат да сметат на Божјото милосрдие. Исус, рече Папата, изговара само зборови за простување, не осудува, а неговото ветување на добриот разбојник, додаде, ни дава голема надеж; ни говори дека Божјата милост секогаш е пообилна од она што го бараме во  молитвата.

Папата на почетокот на Литургијата, опкружен со 1 200 сослужители и пред повеќе од 100 000 луѓе, се поклони пред моштохранителница местото, во кое се чуваат моштии кои се препишуваат на свети Петар и кои за прв пат беа јавно изложени. Пред Литургијата, по желба на Папата, меѓу собраните верници е организирано собирање милостина за населението на Филипините погодено од тајфунот Хаијан.

На почетокот на својата проповед Папата потсети дека Година на вера ја прогласи папата Бенедикт XVI, „со благодарност ги упатуваме нашите мисли со  благодарност за тој дар кој ни го даде. Со таа иницијататија која е провидност тој ни даде можност повторно да ја откриеме убавината на оној пат на верата кој е започнат на денот на нашето крштение со кое станавме деца Божји и браќа во Црквата“, рече Папата. Ги поздрави присутните патријарси и архиепископи на Источните католички Цркви, а преку нив и сите христијани кои живеат во Светата Земја, Сирија и на целиот Исток.

Исус е центар на создавање и од верникот, ако сака да биде тоа, се бара да препознае и да прифати во животот дека на Исус Христос му припаѓа центарлното место, во мислите, во зборовите и во делата. И така нашите мисли ќе бидат христијански мисли, Христови мисли. Нашите дела – христијански, Христови дела. Нашите зборови – христијански, Христови зборови. Кога, напротив, ќе се изгуби тој центар, затоа што сме го замениле со нешто друго, тоа може да биде само штетно, за околината и за самиот човек.

Христос е и центар на Божјот народ, продолжи Папата. Христос е „брат“ околу кој се собира народот, кој презема грижа за својот народ, за сите нас, по цена на сопствениот живот. Во Него ние сме едно: само еден народ; обединети со Него; го делиме неговиот пат, истата судбина. Единствено во Него како центар, имаме идентитет како народ.

Христос е и центар на историјата на човештвото и центар на историјата на секој човек. На Него можеме да Му ги довериме радоста и надежта, тагите и тешкотиите на својот живот. Кога Исус е во центарот, и најмрачните моменти на нашиот живот се осветлени со светло, и Тој ни дава надеж, како што тоа се случило со добриот разбојник од Евангелието. Додека сите му се потсмеваа и му се обраќаа со презир, тој човек, кој грешел во животот сѐ до самиот крај, го моли Исус распнат со него да се сети на него кога ќе влезе во своето Царство, а Исус му ветува дека уште денес ќе биде со Него во Рајот, односно Неговото Царство. Исус изговара само зборови на простување, не зборови на осуда; а кога човек ќе собере храброст да бара простување, Господ никогаш не дозволува таа молба да ја однесе да оди во ветар.

Секој од нас денес може да се сети на својата историја, на сопствениот пат. Секој од нас има своја историја; секој од нас, исто така, има свои грешки, свои гревови, свои среќни моменти и свои мрачни моменти. Добро е на овој ден да се сетиме на нашата историја и да го погледнеме Исус и од срце да му повториме повеќе пати, но од срце, во тишина, секој од нас: „Сети се на мене, Господи, сега во своето Царство! Исусе, сети се на мене бидејќи сакам да станам добар, сакам да станам добра, но немам сила, не можам: грешник сум, грешница сум! Но сети се на мене Исусе: ти можеш да се сетиш бидејќи Ти си во центарот, Ти си навистина во своето Царство!“ Колку е тоа убаво! Да го направиме тоа сите денес, секој во своето срце, многу пати. „Сети се на мене Господи, Ти кој си во центарот, Ти кој си своето Царство.“

Исусовото ветување на добриот разбојник ни дава голема надеж: ни вели дека Божјата милост секогаш е пообилна од она пто го бараме преку молитва. Господ дава секогаш повеќе, Тој е толку великодушен; дарува секогаш повеќе од она што се бара: моли Го да се сети на тебе и да те поведе во своето Царство“ Исус всушност е ценар на нашата желба за радост и спасение. Да чекориме сите заедно на тој пат, повика на крајот Папата.

Пред завршување на Литургијата Папата ја предаде Апостолското писмо Евангелие на Радоста (Evangelii gaudium), која ќе биде преставена на прес конференција во вторник 26 ноември. Лично од рацете на Папата Апостолското писмо го примија претставници од сите пет континенти меѓу кои биле и јапонскиот уметник Етсуро Сото, сликарката од Полска Ана Гулак, и новинари заради нивните големи ангажирања и промовирање во Година на верата

Во наговорот пред молитвата Ангел Господов, Папата ги поздави сите поклоници, семејства, парохиски групи, здруженија и движења кои дојдоа од бројни земји, учесниците на Националниот конгрес за милосрдие; ја поздрави украинската заедница на која се спомнуваа 80 годишнина Холодомора, „голем глад“ кој го предизвика советскиот режим поради што умреа милиони луѓе.

На овој ден упатувам благодарност до мисионерите кои низ вековите го навестуваат Евангелието и го шират семето на верата во многу делови на светот; меѓу нив е и блажен Хуниперо Сера, шпански фрањевац и мисионер и се слави 300 години од неговото раѓање. Не сакам да завршам, а да не ги спомнам сите оние кои работеле на тоа ова Година на верата да биде плодоносна. Монсињор Рино Физикела кој беше на чело: од срце му благодарам, нему и на сите негови соработници, истакна Папата.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот