Христијанскиот стил на живот се состои од понизност, кроткост и великодушност
Понизност, кроткост и великодушност го прават христијанскиот стил на живот: живот кој поминува низ крст, како Исусовиот, пат што води до радост, истакна папата Фрањо за време на светата Литургија во четврток 6 март во домот Света Марта.
Во денешното Евангелие (Лука 9,22-25) Исус им вели на учениците: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека оди по Мене! На тој начин папата Фрањо го дефинира христијанскиот животен стил, бидејќи Исус прв помина низ тој пат.
Невозможно е да се замисли христијански живот надвор од овој пат. Патото низ кој Он прв помина секогаш е тука: пат на понизност и понижување, уништување на самиот себе – за да воскресне на крајот. Таков е христијанскиот пат. Таков е животниот стил на христијаните, без крст нема христијани. А ако крстот е без Исус, не е христијански. Христијанскиот стил на живот секогаш го зема крстот заедно со Исус и оди напред. Не без крст, не без Исус.
Исус даде пример, продолжи Папата, и покрај тоа што е еднаков на Бог, се уништи себе, стана слуга за сите нас: „Тој стил е спасоносен, ќе ни донесе радост и плодност: патот на откажување од себе подразбира да се даде животот за другите. Тоа е спротивен правец од егозимот, од наврзаноста на добрата само за мене… Овој пат е отворен за другите, бидејќи низ него помина Исус, патот на понижување е животворен пат. Христијанскиот стил на живот е токму тоа: стил на понизност, кроткост, благост.“
Кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби, повторува Исус, ако зрното пченично не умре, нема да донесе плод (Иван 12,24). А тоа се случува со радост, потврдува Папата, бидејќи Он самиот дарува радост. Да се следи Исус е радост, но да се следи Исус со Исусовиот стил, а не само начинот на кој тоа го прави светот. Да се следи христијански начин на живот значи да се помине низ Господовиот пат, според своите можности, нагласува Папата, за да се даде животот за другите, а не за самите себе. Тоа е духот на великодушност. Нашиот егозизам нѐ поттикнува да поскауваме да бидеме важни пред другите. Наспроти тоа, книгата „Да се наследуваа Исус“, прекрасно нѐ советува: да сакаме да бидеме непознати и да нѐ сметаат за ништо. Тоа е христиијанската понизност, она што Исус го направи прв, рече Папата и заврши:
Во тоа се состои нашата радост, нашата плодност: да се оди со Исус. Другите радости не донесуваат плод тежнеат само да го придобијат целиот свет, но на крајот доведува до загуба и уништување на животот. На почетокот од Великиот пост, Господ нека нѐ поучи на христиијанскиот стил на служење, на радост, понижување на самиот себе и плодност во заедништво со него, според неговата волја“.
РВ/го*ко