Христијанската социјална етика во дигиталната ера

Христијанската социјална етика во дигиталната ера

Треба да управуваме со новите технологии за да се сочува вистинската вредност на човековите односи – таа порака произлезе од конференцијата во организација на германската група на фондацијата Centesimus Annus-pro Pontifice, одржана во Берлин на тема Христијанската социјална етика во дигиталната ера.

Треба да управуваме со новите технологии за да се сочува вистинската вредност на човековите односи – таа порака произлезе од конференцијата во организација на германската група на фондацијата Centesimus Annus-pro Pontifice, одржана на 15 и 16 ноември во Берлин на тема „Христијанската социјална етика во дигиталната ера“. Светски познати научници од различни дисцилини поминаа два дена разменувајќи мислења и предлози за можностите и предизвиците кои се пред христијанската социјална етика во дигиталната доба. Учесниците на средбта посебно беа фокусирани на одговорите кои христијанската социјална наука може денес да ги даде во унапредувањето на технократската парадигма во времето на дигитализацијата.

Доминго Сугранес Бикел, претседател на фондацијата Centesimus Annus-pro Pontifice истакна дека размислувањата на фондацијата на таа тема не се занимаваат само со анализа на новите можности и сѐ поголемите можности за раст, туку и со културните и антрополошките аспекти, и целокупната организација на општеството, во однос на технолошката револуција која е во тек. Притоа предупреди дека во динамиката на дигиталната доба, човекот може да стане само објект.

Гери Хајнеман, водач на Центарот за истражување за интерент на универзитетот за применети науки во Нидерхајн, предупреди пак дека не треба сѐ да зависи од дигитализацијата, туку треба да се делува за да се управува со неа. Европа, само што започна да води сметка за развојот кој се случува во Азија; Кина, на пример со своите 750 милиони корисници на најважниот пазар. Оние кои не се соочуваат со тој предизвик ќе бидат меѓу губитниците. Хајнеман истакна исто така дека христијаните пак со 1,3 милијарди корисници се најголемата заедница, и дека 90% од генерациите родени после 2000 година користат социјални мрежи.

Според зборовите на берлинскиот надбискуп Хајнер Кох, христијанската социјална етика треба да го сочува достоинството на човекот во процесот на постепена дигитализација, избегнувајќи ја опасноста паметните телефони да бидат над односите и вистинскиот дијалог меѓу луѓето. Дигатализацијата веќе долго ги допира сите подрачја од животот, од светот на работата до религијата, од болницата до патниот сообраќај. Заради тоа бара и етички критериуми за примена и меѓусебно делување – рече на конференцијата помошниот бискуп на Рурмонд, Еверард Ј. де Јонг и рече дека социјалните мрежи дозволиле однос со целиот свет, но истовремено поединечниот корисник останува сам.

Паметните телефони, таблет, I-Phone, I-Pad, социјалните мрежи, сите тие се средства кои ставаат во директен контак со целиот свет, но имаат и голема магична моќ, правејќи личноста да побегне од реалноста на животот. Социјалните мрежи овозможуваат учество во судбината на другите, но истовремено можат да направат страдањето на другите да се чувствува како нешто далеку, без никакво сочувство, одредувајќи го така човекот поделен помеѓу присутноста насекаде и осаменост – е истакнато на средбата.

На крајот бискупот де Јонг спомнувајќи ја енцикликата на папата Фрањо „ Лаудато си’“, поттикна на промовирање на нов начин на размислување. Треба да постојат поинакви сфаќања, мисла, политика, воспитни програми, стил на живот и духовност кои создаваат отпор во напредувањето на технократската парадигма – истакна епископот. Додаваме дека меѓу предавачите и учесниците на средбата на крајот се разви расправа за вештачката интелигенција и нејзината етичка и не етичка употреба.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот