Фрањевската Кустодија на Светата Земја ги моли не верниците за молитва и за финансиска поддршка после тешките години предизвикани од пандемијата.
И поранаму се чувствува значајна загуба на поклониците на светите места, пренесува CNA.
„Во последната година дури и во Светата Земја бевме сериозно искушувани заради пандемијата која го парализира целиот свет“, порача кустодот фра Франческо Патон во видео порака.
„И покрај ова ситуација и понатаму се грижиме за светите места на нашето откупување и за малата христијанска заедница која живее овде“, истакна фра Патон. „На Светиот гроб, во Гетсеманија, Витлеем, Назарет и во другите светилишта ги интензивиравме молитвите за целиот свет.“
Паричните средства кои ќе бидат собрани на Велики Петок 2 април ќе бидат насочени кон христијанските заедници, училиштата, бегалците и другите каритативни активности во Светата Земја, истакна Патон.
Кустодијата на Светата Земја припаѓа на 300 фрањевци кои се сместени во Израел, Палестина, Јордан, Сирија, Либанон, Египет и на Кипар и Родос.
Светиот Престол го надгледува годишното собирање на средствата за Светата Земја од 1974 година кога папата Павле VI одреди дека тоа ќе биде на Велики Петок. Средствата се користат за одржување на светите места, како и поддршка на христијаните во Светата Земја.
Во 2020 година собирањето беше преместено во септември затоа што многу парохии не можеа да ги имаат обредите со народот на Велики Петок после избувнувањето на пандемијата.
„Оваа година повеќе од било кога ни е потребна великодушнста од христијаните во целиот свет, великодушноста на секој од вас. Ве молиме помогне ни и оваа година во согласност со вашите можности и отвореноста на срцата, за да можеме да продолжиме да им помагаме на оние во потреба“, повика фра Франческо.
Многу светилишта во Светата Земја повторно се отворени за јавноста после затворањето заради епидемиолошките мерки.
Оваа година на литургиските славење на Великата седмица и на Велигден ќе можат да учествуваат ограничен број на верници. Кустодијата на Светата Земја ја објави програмата со инфорамации за тоа каде може да најдете преноси во живо од литургиските славења во базликата Маката во Гетсеманија и на Светиот гроб во Ерусалим.
Ика/к.мк