Драги пријатели и читатели,
Католици.мк распишува Божиќен фото конкурс за избор на најдобра фотографија со божиќно – религиозен мотив.
Право на учество:
-Наградниот конкурс трае од 18 до 30 декември 2016 година. Пристигнатите фотографии после овој рок нема да бидат земени во предвид.
-На конкурсот право на учество имаат сите љубители на фотографијата, без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност
-Во натпреварот ќе се земат во предвид само дигитални фотографии (не принт, црно-бело) кои ќе бидат испратени на електронската пошта на редакцијата Католици.мк (katolici.мк@gmail.com) и кои ќе содржат божиќно – религиозен мотив.
-Еден учесник може да испрати повеќе фотографии, но не повеќе од три.
-На фотографијата да нема потпис или друг текст
-Не е дозволена дополнителна модификација на фотографиите или нејзината содржина.
-Фотографијата да е со висока резолуција и во jpg формат
-Со фотографиите треба да се испратат следните податоци на учесникот: име и презиме, емаил адреса и телефонски број, место каде е направена фотографијата
-Испратените фотографии ќе се објават на Facebook профилот на Католици.мк, а за најдобра ќе биде прогласена фотографијата која ќе добие најмногу „допаѓања“ на Facebook профилот. Фотографиите кои ќе добијат гласови преку апликации (пр. Like-генератори на FB) ќе бидат дисквалификувани
– Прво, второ и трето наградената фотографија ќе бидат наградени со книги и диплома за освоено место.
Прва награда: Свето Писмо и монографијата „Црквата во пресрет“
Втора награда: Книга „Божјото име е милосрдие“, разговор на Андреја Торниели со папата Фрањо и книгата „Црквата во служба на човекот“, од монс. д-р Киро Стојанов
Трета награда: Книга „Братска“ љубов, приредена од о. Гоце Костов
Пристигнатите фотографии ќе се објават на Facebook профилот на Католици.мк на 1 јануари 2017 година.
Можноста за ставање „like“ (ми се допаѓа) е од 1 јануари до 9 јануари 2017 годиина.
Победникот ќе биде објавен на 10 јануари 2016 година на порталот Католици.мк.
Испратените фотографии Католици.мк ќе може да ги користи за сопствена промоција и потреба и нема никакви обврски кон испраќачот на фотографијата.
Дозоволете вашата креативност да ве води, правејќи фотографии од вашиот дом, црква, Витлеемска пештера, некое несекојдневно место или настан…
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк