Успешната кариера ја заменува со живот во манастир

Успешната кариера ја заменува со живот во манастир

Николета Фалцони била висок службеник во една меѓународна корпорација. По посетата на Меѓугорје нејзиниот живот во целост се менува, а една година подоцна одлучува да одговори на Божјиот повик и својот животен пат да го продолжи во бенедиктинската опатија на северот на Италија.

На прекрасното алпско езеро Орта на северот на Италија се наоѓа островот Сан Џулио. На тој остров кој е долг 270 метри, а широк 140 се наоѓа бенедиктинската оптија „Mater Ecclesiae“. На тоа убаво и мирно место живее Николета Фалцони, а сега по вечните завети се вика с. Марија Фидес.

Младата Италијанка со успешна кариера, на бучните улици на Милано и со својот ангажиран живот како висок службеник во меѓународна корпорација (била менаџер на бренд компанија за продажба на тутун) го заменила со молитвениот живот во манастирот на островот. На 6 мај 2016 година ги дава вечните завети и така отворила нова, а ја затворила старата етапа од својот живот. Сѐ започнало на денот кога со помош на Дева Марија го спознава Исус. Во интервју за „L’Azione“ весникот на бискупијата Виторио Венето зборува за својот повик.

„Брзо“ звање

„Мислам дека својот повик можам да го дефинирам како „молња“ звање, вели с. Марија. Речиси една година откако ја пронаоѓа верата, бара влегување во опатија. Петте години поминати во новицијат ѝ помагаат да ја утврди својата вера. Сѐ започнало во 2011 година кога како висок службеник во една голема корпорација одлучила да отиде во Меѓугорје. Таму доживеала толку значајна средба со Господ и со Дева Марија, што животот ѝ се променува целосно. За неа ништо повеќе не било исто; ниту успехот, ниту парите, ниту ништо друго слично.

Светата Причест и молитвата биле основните делови на нејзиниот живот, и не мисли дека е „случајност“ што дознала за ова опатија. Видела дека тоа е местото кое Бог за неа го избра. Процесот траел со месеци. Господ ѝ понудува богатство кое не можела да го одбие. Како сето тоа го објаснила на луѓето околу себе? „Наједноставниот одговор кој можам да го дадам е дека верувам во Исус. Сфатив дека со овој повик Господ ми дарува сокриено богатство, за кое вреди да се откажеш од сѐ друго, бисер пред кој целиот имот ја губи вредноста.“

Сестра Марија Фидес објаснува дека сме „навикнати сѐ да планираме и организираме, сакаме да имаме сѐ под контрола. Меѓутоа Господ од нас бара да го следиме патот без падобран за спасување. Светот ни нуди многу – кариера, успех, богатство, признание, самопотврдување и тоа секако е многу привлечно. Но, Божјиот повик оди во спротивна насока затоа што Исус нѐ смирува – не плаши се неговата верност ќе трае засекогаш.“

„Многу ни е потребен внатрешниот живот и тишината“

Во текот на годините поминати во новицијат Марија „сфатила дека Господ нѐ не повикува за нешто да направиме или да не направиме, туку да делуваме, да ја вршиме Неговата волја, како што тоа го правела света Мајка Тереза кога себе си се опишувала како молив кој се наоѓа во рацете на Божествениот уметник. Тој делува преку нас.“ Сестра Марија Фидес исто така зборува и за важната мисија на монашкиот живот, а тоа е да му го покаже на денешниот свет патот кој треба да го следи. Таа многу добро знае за што зборува, со оглед на нејзиниот претходен професионален живот. „Толку ни е потребен внатрешниот живот и тишината. Сметам дека е важно да се сетиме на важноста на молитвата и молитвата Света Бројаница посебно внатре во семејството.

Проблеми со осаменоста и отуѓеноста

Сестра Марија укажува и на еден од главните проблеми на денешницата: „Ништо нас нѐ не обединува повеќе од заедничката молитва. Таа може да биде вредна помош во борбата против отуѓувањето кое владее заради употребата на мобилните телефони, кои постојано се во рацете. Дури и на светата Литургија.“ „Технологијата сега ни овозможува прегледување на вестите од едниот крај на светот на другиот, во моментот кога се случуваат, но тоа е показател за загрижувачката реалност – колку повеќе се намалува одалеченоста и времето во светот бездната на бесконечна осаменост станува сѐ подлабока. Лесно е да се знае што се случува на другиот крај на светот, но парадоксално сѐ потешко се воспоставува реален разговор со соседот дури и со членовите на семејството,“ рече бенедиктинската монахиња. Света Тереза Авилска рекла дека „кој го има Бог има сѐ. Само Бог е доволен.“ Токму тоа и со својот живот, не само со зборови го сведочи с. Марија Фидес. Веруваме дека нејзиното сведоштво ќе вдахне многумина и ќе ги поттикне да бидат уште поревни во своите напори другите да ги приближат до Бог, изворот на вистинската радост.

Боок/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот