Успение на Пресвета Богородица
Вознесувањето на Пресвета Богородица на небото е една католичка догма која потврдува дека Марија, Исусовата мајка, во моментот на нејзината смрт („Успението на Марија) веднаш се пресели, како со душата така и со телото, во рајот, каде што беше „земена“, т.е. примена, прифатена.
„Беше неопходно – пишува свети Иван Дамаскин – таа која при породот целосно ја сочува девственоста, да го задржи целосно своето тело од распаѓањето и по нејзината смрт. Беше неопходно таа која го носела Создателот во својата утроба како бебе, да живее во Божјиот дом. Беше неопходно Невестата Божја која Отецот ја избра, да живее во брачната соба на небесите. Беше неопходно таа која го беше видела својот Син на крстот, примајќи го во срцето мечот на болката од кого беше поштедена при породот, да го гледа како седи до Отецот. Беше неопходно Богородица да поседува од добрата на својот Син и од целото создание да биде почитувана како Мајка и слугинка Божја.“
Марија за последен пат во записите од Новиот Завет се појавува во првата глава од Делата Апостолски, ред 14: „Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење со некои жени и со Марија, мајката на Исуса, и со браќата Негови.“ Таа е во средина на апостолите, молејќи се во горната одаја, во исчекување на слегувањето на Светиот Дух.
Во суштината на инспирирани текстови, проследени се изобилства на информации за Марија во апокрифните записи, особено во „Протоевангелието“ (Првото Евангелие) од Јаков и Раскажувањето на свети Иван Богослов околу Успението на Пресвета Богородица. Терминот „успение“ е најстар што се однесува за завршетокот на земниот живот на Марија.
На Исток, околу 5. век, помеѓу христијаните и монофизитските источни цркви (ерменците и коптите), започнал маријанскиот култ под името „Успение на Девицата (Dormitio virginis)“ потпомогнат за негово ширење од императорот Маврициј (582-602) кој наредил да се слави во целата империја; на Запад култот е забележан во Шпанија и Галија во 6. век, а во Рим во 650 година веќе се славел на 15 август (28 Август) под името Успение или Вознесување. (…)
Догматската дефиниција, прогласена на 1 ноември 1950 година од Преподобниот Пио XII (Еуџенио Пачели, 1939-1958), наведувајќи дека Марија не треба да го чека, како и другите суштества, свршетокот на светот за да ужива во откупувањето на телата, сакаше да ја нагласи единствената карактеристика за нејзината лична светост, бидејќи гревот никогаш не ја беше осенил, ниту за момент, чистотата на нејзината душа. Дефинитивното заедништво, духовно и телесно, на човекот со прославениот Христос, е завршна и вечна фаза на откупувањето. Така блажените, кои веќе уживаат во блаженството, на некој начин се во исчекување на исполнувањето на откупување, кое во Марија веќе се случило со единствената благодат на запазување од гревот.
Во светло на оваа доктрина, која својата основа ја има во Светото Писмо, во таканареченото „Протоевангелие“, ја содржи првата вест за спасението од Месијата дадено од Бога на нашите прародители после првиот грев, Марија е претставена како нова Ева, тесно соединета со новиот Адам, Исус.
Всушност, Исус и Марија поврзани се во болката и љубовта за поправување на гревот на нашите прародители. Така Марија не е само мајка на Откупителот, туку исто така и негова соработничка, со него тесно соединета во борбата и во убедливата победа. Оваа интимно заедништво укажува дека исто така Марија триумфира, како и Исус, не само над гревот, туку исто така и над смртта, двата непријатели на човештвото. И како што Христовото откупување има завршеток со воскреснувањето на телото, исто така и победата на Марија над гревот, со безгрешното Зачнување, требаше да биде комплетна со победата над смртта непосредно со прославувањето на телото, со вознесувањето, бидејќи полнотата на христијанското спасение е учествување на телото во небесната слава.
VangeloDiGiorno/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк