Слаткарот Жолт Карл направи посебен колач кој го нарече „Залак од небото“ користејќи сушено овошје кое се спомнува во Библијата и се надева дека папата Фрањо ќе го вкуси неговиот десерт за време на неговата посета на Унгарија.
Папата Фрањо би требало да пристигне во претежно католичката Унгарија во неделата на 12 септември каде ќе служи света Литургија на историскиот Плоштад на Хероите во Будимпешта.
Потоа истиот ден ќе отпатува во Словачка каде на 15 септември ќе одржи света Литургија на отворено во Сатино, место на ходочастие во западниот дел од Словачка.
Карл кој ја води својата слаткарница во градчето Дунахарашти на југот на Будимпешта, победи на националниот натпревар за најдобар колач кој што прв пат го послужи оваа недела на Евхаристискиот конгрес во Будимпешта.
„Готвев шеќерен сируп со цимет и мед и во тоа ставив исечени делови сушено овошје“, изјави слаткарот.
„Експериментиравме со соодноси на сушеното овошје, така што оној кој го јаде колачот чувствува различни вкусови на секои 5-10 секунди.“
Според условите на натпреварот, колачот морал да биде едноставен, да трае долго без ладење и да биде направен од состојките од Библијата, како смокви, урми, кајсии, сливи и мед.
Колачот на Карл, која е слична на афион или ореви, е исполнета со суви смокви, урми и кајсии, како и зашеќерени вишни, зашеќерена кора од портокал и пржени бадеми.
„Навистина се надевам дека Папата ќе го вкуси нашиот колач“, рече Карл.
Ика/к.мк