Унгарскиот Устав се темели на европските вредности

Будимпешта, 12.5.2013 /к.мк/ – „Секој има право на живот и достоинство. Животот на фетусот е заштитен од зачеток.“ Овој нов член во унгарскиот Устав го разгневи врвот на ЕУ и европското проабортус лоби. Изгледа дека ги исклучува „самохрани родители, невенчани и хомосеклуални парови, а го заштитува животот на фетусот од зачнувањето што е еднакво на забрана на абортус, се бунат либералните демократи. Европското женсо лоби, (Women’s Lobby – EWL) и Меѓународнта организација за планирано родителство – Европска федерација (International Planned Parenthood Federation European Network – IPPF EN) изјавиле дека тој член го повредува секуалното и репродуктивно право на жената. И Лидија Гал, адвокатка на Human Rights Watcha, ја напаѓа Владата на Виктор Орбан, унгарскиот премиер, дека „не е демократска“.

Унгарскиот одговор е многу јасен: „Се работи за уште еден неоснован и политички мотивиран напад, бидејќи нашиот Устав се темели на европските вредности.“ Унгарскиот Устав бракот го дефинира исклучиво како животна заедница помеѓу лица од различен пол. Тоа не го исклучува другиот облик на заеднички живот, но институцијата семејство е една од темелните вредности која треба да се заштити, бидејќи претставуваат „темел за опстанок на нацијата“, бидејќи е одредена за раѓање и воспитување на деца. Имено унгарскиот закон бр. 2011/ CCXI за заштита на семејството, во членот 7 се вели: „Семејството е мрежа на природни односи помеѓу лица кои создаваат чувство на заедништво како и економско заедништво, заснована на бракот на еден маж и една жена, со природни или посвоени деца.“ Од тука произлегува дека само еден родител кој воспитува едно или повеќе деца претставува семејство, а исто така и облиците на невенчани парови, ако барем еден од двајцата има деца.

Законот, напротив, не го смета за семејство оние заедници место каде што не се чуваат и воспитуваат деца, т.е. хомосексуланите парови, за кои немат можност за посвојување. Тоа е така затоа што обликот на заеднички живот кој не служи на целта за воспитвање деца и не придонесува за опстанок на нацијата. Освен тоа, законот потврдува дека„се забранува евгеничка пракса која се однесува на човекот, користење тела или делови од човечкото тело со цел добивање и клонирање човек. Сето тоа е спротивно на новата политика за „родовиот“ идентитетот на Европската Унија која има тенденција на изедначување на сите сексуални вкусови, било да станува збор за трансексуалци, хомосексуалци или други. Но, европската „интелигенција“ уште повеќе ја разгневи кампањата со плакатите за посвојување на премиерот Орбан, на која е прикажан еден ембрион како зборува на својата мајка и вели: „Разбирам, мамо, дека не си подготвена за мене, но те молам, дај ме на посвојување, дозволи ми да живеам.“

Вивијане Рединг, преседателка на Комисијата за правда, не успеа да ги задоволи нападите на лобистите за абортус против Животот утврдувајќи дека Унгарскиот устав не крши ниедна одредба или Договор на заедницата и дека секој народ е суверен на својата територија. Од друга страна, ако се прочешлаат некои изјави од Европскиот парламент, во резулуцијата бр. 372/88, бр.327/88, Препорката на Европскиот Парламент бр.1046/86, Препораката на Европскиот Совет бр.1100/89 и бр.874/79 сите изрично се однесуваат на „правото на живот од зачеток“ или се зборува за правата и достоинството на ембрионот. Ако преминеме на светско ниво, доволно е да ја прочитаме Меѓународната конвенција за правото на детето од 1989 и Декларацијата за правата на детето од 1959 усвоена од ООН, а во која во два случаја како обврска се наведува заштитата на детето пред раѓање.

Овие документи покажуваат не само што Унгарија не повредува ниедна одредба од правен карактер, туку со својата иницијатива против абортус го усогласува со претходно споменатите одредби и со сопствените гради вредности за живот кои иако често заборавени, сепак претставуваат заедничко наследство на нашите општества.

Тони Бранди/Превод: И.Д.

Извор: www.opinione.it

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<