Унгарија: Екуменскиот патријарх Вартоломеј I ќе присуствува на 52 Меѓународен евхаристиски конгрес
Еден месеc пред 52. Меѓународен евхаристиски конгрес во Будимпешта тамошниот помошен епископ Габор Мохос потврди дека на него ќе учествува и почесниот поглавар на светското православие цариградскиот патријарх Вартоломеј I.
Светскиот конгрес кој заради пандемијата со коронавирусот беше одложен за една година, ќе се одржи од 5 до 12 септември, а завршното Литургиско славење на Плоштадот на хероите ќе го предводи папата Фрањо, кој по тој повод ќе престојува во седум часовна посета на Унгарија. Патријархот Вартоломеј I ќе се обрати на учесниците на конгресот на вечерната света Литургија на 11 септември.
Владата на Унгарија на 3 август ги укина епидемиолошките мерки за ограничување на бројот на лицата на големите настани за време на траење на конгресот, како на празникот свети Стефан 20 август. Моментално во целата земја повеќе од 500 лица можат да се соберат само со Ковид-потврда.
52. Меѓународен евхаристиски конгрес се отвора со свечена света Литургија која на 5 септември на Плоштадот на хероите ќе ја предводи претседателот на Советот на европските епископски конференции (CCEE) кардинал Анџело Бањаско. Останатите точки од програмата – катехезите, изложбите, концертите и друго ќе се одржуваат на саемот Хунгекспо во Будимпешта. Учесниците на конгресот секој ден ќе го започнуваа со заедничка молитва, потоа медитации кои ќе ги предводат епископи, катехези на различни теми, литургиски славења и работилници во попладневните часови. (…)
Меѓународните евхаристиски конгреси се одржуваат уште од 1881 година до пандемијата на секоја четврта година, на различни места – последниот во филипинскиот град Кебу 2016, потоа Даблин 2012, Кебек 2008. Гвадалахара 2004 и Рим 2000. Будимпешта била веќе домакин и тоа во 1938 година. Меѓународните евхаристиски конгреси се еден од скапоцените облици за обнова на животот на Црквата, која се потпира на евхаристиското таинство и на евхаристиската духовност, како извор на животот во Христос. (…)
Ватикан њуз/к.мк