Убиен католички свештеник во Франција

Убиен католички свештеник во Франција

Провинциjaлот на мисионерите Монфортанци о. Оливие Меир, е убиен во понеделник, 9 август, во Сен Лоран-сур-Севр, објави на Твитер францускиот министер за внатрешни работи, Џералд Дарманин, а пренесува „Катпрес“.

Министерот изрази целосна поддршка за католиците и најави дека тој лично патува на местото на убиството, 60 километри оддалечено од Нант. Хуг де Воилемонт, генерален секретар и портпарол на Француската бискупска конференција, на Твитер изрази „болка и недоразбирање“ за убиството.

Според првите информации што ги пренесуваат француските медиуми, маж со руандски пасош и се предал на локалната полиција и го признал убиството. Тој наводно бил осомничен дека минатата година ја запалил катедралата во Нант, се наоѓал под судски надзор и бил на психијатриско лекување.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот