Турските медиуми го истакнуваат залагањето на Папата за мир и единство

Турските весници посветија големо внимание за посетата на папата Фрањо, а неговата посета ја опишуваат како важен чекор кон мирот и хармонијата меѓу религиите. Турскиот весник Саба го опишува папата Фрањо како „понизен и предан човек кој донесе порака на надеж“, а тоа, според весникот, би можело да отвори нова страница во односите со исламот.

Исто така и весникот Милијет ја истакнува посветеноста на Папата за мир, додека Заман нагласува за намерата на Папата и Патријархот да го зајакнат дијалогот со исламот како и за апелот за прекин на прогонствата на верските малцинства во Сирија. Посетата на Папата во Истанбул генерално е разбрана како силна тенденција кон единството помеѓу Католичката и Православната Црква.

Многу простор е посветено за гестот на Патријахот, односно дека Вартоломеј I го бакна папата Фрањо на главата; според агенцијата ДХА „тоа е знак на почит кон Римската црква, а и јасна порака во поглед на обединувањето на двете Цркви. Исто мислење дели и Хариет, кој истакнува дека Вартоломеј I ја нарекол посетата на Папата „важен чекор во односите помеѓу сестринските цркви“.

Турските весници генерално сметаат дека тридневната посета на Папата е можност да се обединат сите вери против заканата на самопрогласената Исламска држава и против заканата на тероризмот: Претседателот на Турција изјави дека „мора заедно да делуваме против нетолеранцијата, а тоа може да се постигне само преку дијалог“.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот