Во недела 26 ноември 2023 година со почеток во 18.00 часот во салата на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се одржи трибина за ходочесничкото место Меѓугорје, кое се наоѓа во Босна и Херцеговина, а предавач ќе биде Александар Аврамов од Гевгелија.
Трибината се одржува во организација на Деканатот Свети Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија и Радио Марија и во соработка со парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица.