Трета постојка
Исус падна првпат под крстот
Ти се поклонуваме, о, Исусе и Те славиме, бидејќи со својот крст го спаси светот!
Да погледнеме на Исуса во првото негово паѓање. Неверојатно е да го гледаш Богочовекот, кого го слушаат небото и земјата, но не и неговото тело. Го ограничува човечката природа, кревка, слаба, измачена. Изморен, немоќен паѓа на земјата. Какво понижување. Се најде во прашината на ерусалимските улици, Богочовекот, кој сега седи од десната страна на Отецот. Не се срамеше да ги покаже границите на својата немоќ, кога постана на нас сличен во сѐ, освен во гревот. Падна и стана, да ни покаже како да постапуваме во логиката на станувањето посебно од гревот и грешките.
Во бракот и семејството, се нижат денови без можности да се заобиколи фактот дека зад зората светнува, се раѓа ден, а кога ќе се замрачи, доаѓа ноќ. Не е во наша моќ да се заобиколат човечките слабости. Црквата нѐ учи дека без посебна Божја милост не сме во можност ни гревот во да го избегнеме. На некои им е дадено да успеат да поминаат преку животот без тешки рани на смртниот грев, но повеќемина од нас кога – тогаш паѓаат. Човекот при паѓањето самиот на себе е доволно понижен, бидејќи мора да се сретне со фактот: се случи. Никогаш не помислив дека на мене тоа може да ми се случи. Самосожалувањето не помага. Не помага ни желбата самите да се подигнеме. Ни треба друга личност, а посебно милост да станеме. Како да ја почувствуваме милоста дека Бог сака да ни прости, дека Бог сака да ни помогне, ако личноста која е со мене едно, не пружи рака на помирување, опростување, помагање? Светата Тајна брак токму во тоа е посебно препознатлив како света Тајна, бидејќи е средство за спасение. Сопружниците се обврзани по секој пад еден на друг да си помогнат, подигајќи се, по Божјата милост. Дали си на својот брачен другар испружена рака за да го подигнеш од прашината, на тебе светотаинствено најблиска личност? Ако твојата рака не е милосрдна, каква ќе биде тогаш Божјата?
Да се помолиме
Боже, кого гревот те навредува, а грешникот потикнат на милосрдие, искажи ни милост со заемно помагање, кога на нас се очитува нашата слабост и грешност, па подај ни топлина од својата љубов, да ја надвладееме нашата осетливост и ограниченост. Дај ни да бидеме слични на тебе кој милосрдно и секогаш опростуваш и така го спасуваш човекот. По Христос, нашиот Господ. Амин
Оче наш….Радувајсе Маријо…..Слава на Отецот…..
Смилуј ни се Господи-Смилуј ни се
Превод: о. Димитар Ташев