Трајче Георгиев се дружеше со децата со посебни потреби од Струмица и Гевгелија
Парохијата „Свети Иван Крстител“ од Струмица во соработка со здружението „Порака“ од Струмица и „Дневен центар“ – Гевгелија на 22 октомври 2015 година организира дружење на децата со посебни потреби со децата и младите од парохијата. На дружењето специјален гост беше младиот струмички талент Трајче Георгиев, кој за децата со посебни потреби испеа неколку песни, се дружеше со нив, а на крајот од средбата ги израдува со подароци, додека за Центарот „Порака“ подари кондиторски производи.
Отец Гоце Костов за средбата изјави: „Црквата е Мајка и преку оваа средба сака да ја искаже својата љубов кон децата“ и заблагодари на Трајче Георгиев, кој со воодушевување ја прифати поканата да биде заедно со децата и да се дружи со нив.
Децата од Струмица беа придружувани од нивните родители и претседателката на „Порака“ Соња Сачевска, додека децата од Гевгелија беа во придружба на о. Димитар Ташев и дефектологот во Дневниот центар во Гевелија Мери Кузманова.
При крајот на средбата о. Димитар Ташев на Трајче Георгиев, о. Гоце Костов, и ЦПЛИП „Порака“, ја подари книгата „Победничка“ напишана од Викторија Пенова, дете со посебни потреби од с. Балинци – Валандово.
к.мк
Фото: о. Димитар Ташев
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

