Трамп ќе учествува на Маршот за живот во Вашингтон

Трамп ќе учествува на Маршот за живот во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп на 24 јануари ќе учествува на Маршот за живот во Вашингтон. Ова е прв пат во 47 годишната историја на движењето против абортусот да учествува на Маршот за живот лично еден претседател на САД.

Се гледаме во петок … огромно мноштво!, коментираше Трамп на Твитер на еден видеозапис од Маршот за живот од минатата година.

Жеан Манчини, претседателска на Маршот за живот истакна дека организаторите на Маршот за живот во Вашингтон се чувствуваат „многу почестени“ и ја поздравуваат личната подршка од претседателот Трамп.

„Ова е прв пат во историјата еден претседател на САД да учествува на Маршот за живот, и многу се радуваме што тој лично доживува колку многу се ангажираат нашите демонстранти за животот и заштита на неродените – рече Манчини.

Таа исто така ги пофали напорите кои Трамп и неговата влада ги вложија за подобрување на правната заштита на неродените деца.

Пред Трамп некои претседатели само телефонски испраќале поздрави и подршка за маршот.

CNA/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот