Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол Матео Бруни го потврди телефонскиот разговор одржан на 12 ноември меѓу папата Фрањо и Џо Бајден. Разговорот следуваше по упатените честитки на американските бискупи до Бајден.
Разговорот следува по честитката на американските бискупи, кои во пораката на претседателот на епископската конференција, архиепископот од Лос Анџелес, Хозе Х. Гомез, го поздравија како втор католички претседател на земјата по Џон Кенеди. „Да му благодариме на Бога за благословот на слободата“, рече монс. Гомез во пораката. Американскиот народ гласаше на овие избори. Сега е време нашите лидери да се обединат во духот на националното единство и да се подготват за дијалог и посветеност за општото добро. Како католици и Американци, нашите приоритети и мисија се јасни. Тука сме да го следиме Исус Христос, да сведочиме за неговата љубов во нашите животи да го изградиме неговото царство на земјата. Верувам дека во овој момент од историјата на Соединетите Држави, католиците имаат посебна обврска да бидат мировници, да промовираме братство и взаемна доверба и да се молиме за обновен дух на вистински патриотизам во нашата земја“, стои во пораката на монс. Гомез.
На крај, претседателот на американските бискупи истакнува: „Ја молиме Пресвета Богородица, заштитничка на оваа голема нација, да посредува за нас. Да ни помогне да работиме заедно за да ја реализираме прекрасната визија на мисионерите и основачите на Соединетите Држави: нација која го почитува Бог и ја штити светоста на целиот човечки живот и гарантира слобода на совеста и религијата“.
Ватикан њуз/к.мк