Струмица: Семејствата молат за семејства

Во сабота, 28 февруари 2015 година во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица се молеше Света Бројаница за семејствата. Оваа молитва беше насловена „Семејствата молат за семејства“, а ја предводеа пет семејства од парохијата со нивните деца. Забележливо беше присуството на голем број деца и млади од парохијата. Децата на секоја молитва Радувај се Маријо додаваа запалена свеќа на подот, а на крајот се доби Света Бројаница од свеќи.

Наканата на оваа иницијатива е молитвата да влезе во домовите на семејствата, а од парохија се нуди духовна придружба за да отпочнат тие да молат заеднички.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот