На 31 мај 2021 година пред статуата на Богородица во дворот на парохиската црква ,,Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица се служеше молебен во чест на Пресвета Богородица, со што заврши Мајската побожност. Молебенот го предводеше о. Гоце Костов, во сослужение со о. Атанас Сирачев. На него присуствуваат молители, волонтери, подржувачи и слушатели на Радио Марија од Струмица, Петралинци, Радово, Нова Маала и други места.
По Светото Евангелие о.Гоце Костов одржа пригодна проповед при што истакна: „Кога Богородица ја посети својата роднина Елисавета во Аин Карим со неа го носеше во нејзината внатрешност,во нејзината утроба, Господ Исус Христос. На сличен начин и ние христијаните треба во нашите средби со пријателите и роднините да ја донесеме радоста на Христа.“ При тоа ги повика оваа вечер да ѝ ги принесат на Богородица своите молитвени потреби и желби на Богородица за да за нив се стапува пред нејзиниот Син и рече: „Да не се срамиме и да не се притеснуваме, понизно и со доверба да ѝ кажеме, како син на мајка, за нашите потреби.
На крајот о. Гоце Костов им се заблагодари на присутните за поддршката која ја даваат на Радио Марија, молитвена, техничка и финаниска, по што ги повиква на заедништво и дружење во дворот со почитување на мерките за заштита од ширење на Ковид – 19.
Овој молитвен настан го организираа парохијата ,,Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица и Радио Марија.
к.мк