Струмица: Духовна обнова за свештеници

На 23 април 2016 година во просториите на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија, на која која присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија.

Духовната обнова започна со молитва во парохиската Црква. На тема „Страстната седмица во Година на милосрдието“ наговор одржа о. Траче Ташев, кој низ систематски приказ на страстната седмица со бројни цитати од Светото Писмо го приближи бескрајното Божјо милосрдие.

Средбата продолжи со света Исповед и света Литургија, а заврши со дружење и заедништво во парохискиот дом.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот