Папата повторно потсети на страдањата на Украина и повика на молитва за неговото Апостолско патување во Монголија
На крајот од Генералната удиенција во среда 30 август 2023 година папата Фрањо во поздравите до верниците на италијански јазик и ја спомена војната во Украина. Уште еднаш ја изразуваме нашата близина и молитва за милата и напатена Украина, толку искушувана од големото страдање – рече тој.
Пред тоа, Светиот Отец ги замоли верниците да го придружуваат во молитва на неговото претстојно Апостолско патување, на кое од 31 август до 4 септември, ќе ги посети – како што рече – своите браќа и сестри во Монголија.
Ватикан њуз/к.мк