Средба на папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI
Средбата за време на светата Литургија по повод затворањето на вонредната Епископска синода за семејство и беатификацијата на папата Павле VI, во недела 19 октомври беше шеста јавна средба на папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI од неговото повлекување од Петровата служба, 28 февруари 2013 година.
За потсетување на 28 септември оваа година по покана на папата Фрањо почесниот папа Бенедикт XVI учествуваше на средбата за стари лица на плоштадот Свети Петар во Рим.
На 27 април, повторно по покана од папата Фрањо, папата Бенедикт XVI беше присутен на светата Литургија за канонизација на двајцата папа: Иван XXIII и Иван Павле II.
Во февруари 2013 година папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI имаа јавна средба за време на конзисториумот за креирање на нови кардинали. Во 2013 година се сретнаа два пати: првиот пат се сретнаа 10 дена откако беше избран папата Фрањо, 23 март во Кастелгандолфо, каде што се задржаа во заедничка молитва, а втората нивна средба таа година се случи на 5 јули во Ватиканските градини за време на поставувањето на новата статуа на свети архангел Михаил
РВ/го*ко