Радово: Спортски турнир во кој сите победија

Во сабота 12 април во дворот на црквата Свети пророк Илија во Радово, се одржа турнир за децата од основно училиште кои посетуваат веронаука при парохијата Радово.

Турнирот опфати натпреварување во кошарка, влечење со јаже и трчање за најмалите.

1623_1Децата беа поделени во четири групи со свои капитени, кои наизменично избирајќи ги натпреварувачите направија приближно еднакви по квалитет екипи, кои со сиот жар и ентузијазам се бореа за победа во секој натпревар. Покрај натпреварите и дружењето на децата меѓусебно, беше искористено и потикнувањето од страна на вероучителите дека секој може да победи, но во исто време да знае и да му ја честита победата на противникот во случај на свој пораз. На крајот со задоволство можеше да се согледа дека децата знаеја да го направат турнирот интересен со меѓусебното фер однесување и бодрење. Па затоа сите победија и се договорија дека пред крај на учебната година повторно ќе ги измерат силите.

з.и.с.

Категорија: Македонија

За авторот