Слово за живот, февруари 2023

Слово за живот, февруари 2023

,,Ти си Бог, Кој милостивно погледна на мене” (1 Мојсеева 16,13).

Словото за живот за овој месец е преземено од Првата книгата Мојсеева. Зборовите ги кажува Агара, робинкиата на Сара која му била дадена на Авраам, бидејќи Сара не можела да има деца и да обезбеди потомство. Кога Агара дознала дека е бремена, се почувствувала понадмоќна од господарката. Лошото однесување на Сара ја натерало Агара да побегне во пустината. И токму таму се случува единствена средба помеѓу Бога и жената, која добива ветување за потомство слично на она што Бог му го дал на Авраам. Детето што ќе се роди ќе се вика Исмаил, што значи „Бог послуша“, затоа што Тој ја презеде маката на Агара и ѝ даде лоза.

,,Ти си Бог, Кој милостивно погледна на мене” (1 Мојсеева 16, 13).

Реакцијата на Агара ја одразува заедничката идеја од античкиот свет дека луѓето не можат да одржат премногу блиска средба со Божественото. Агара е изненадена и благодарна што го доживеала ова. Таа ја доживува Божјата љубов токму во пустината (осаменоста), привилегирано место каде што може да се доживее лична средба со Него. Агара го чувствува Неговото присуство и се чувствува сакана од Бога кој ја „видел“ во оваа болна ситуација, Бог кој се грижи и кој ги опкружува своите созданија со љубов. „Тој не е отсутен, далечен Бог, рамнодушен кон судбината на човештвото, како и кон судбината на секој од нас. Го доживуваме тоа многу пати. Тој е тука со мене, секогаш е со мене, знае сè за мене и ја споделува секоја моја мисла, секоја радост, секоја желба, со мене ја носи секоја грижа, секое искушение од мојот живот»1.

,,Ти си Бог, Кој милостивно погледна на мене” (1 Мојсеева 16, 13).

Оваа реченица на животот оживува сигурност и ни дава утеха: никогаш не сме сами на нашето патување, Бог постои и нè сака. Понекогаш, како Агара, се чувствуваме како „странци“ на оваа земја или бараме начини да избегаме од тешките и болни ситуации.  Но, мора да бидеме сигурни во Божјото присуство и во нашиот однос со Оној кој нè ослободува, нè охрабрува и секогаш ни дозволува да почнеме од почеток.

Ова беше искуството на П. која сама го проживеала пандемискиот период. Таа ракажува: „Од почетокот на целосното затворање на секоја активност во нашата земја, јас бев сама дома.  Физички немав некој до мене со кого би можела да го споделам ова искуство и се трудев денот да го искористам најдобро што можев.  Но, како што минуваат деновите, се повеќе се обесхрабрував. Ми стана тешко да заспијам навечер. Се чувствував како да не можам повеќе да излезам од овој кошмар. Сепак, силно чувствував дека морам целосно да му се доверам на Бога и да верувам во неговата љубов. Не се сомневав во Неговото присуство кое ме придружуваше и ме тешеше во овие месеци на осаменост. По малите знаци што ги добивав преку моите ближни, знаев дека не сум сама. Така еднаш славевме роденден на една пријателка онлајн, а веднаш потоа добив парче торта од сосеткаата“.

,,Ти си Бог, Кој милостивно погледна на мене” (1 Мојсеева 16, 13).

Чувани од Божјето присуство во себе и ние можеме да бидеме гласници на Неговата љубов. Навистина, ние сме повикани да ги видиме потре1 Мојсеевае на другите, да им помогнеме на нашите браќа во нивната осаменост, да ги споделиме нивните радости и таги. Да се трудиме да ни бидат очите отворени за човештвото во кое сме нурнати и ние.

 Можеме да застанеме и да се зближиме со оние кои бараат смисла и одговор на многу животни прашања: пријатели, семејство, познаници, соседи, колеги од работа, луѓе во економски тешкотии и социјално маргинализирани.

 Можеме да се потсетиме и да ги споделиме тие драгоцени моменти кога и ние  наидовме на Божјата љубов и повторно ја откривме смислата на нашите животи.

 Можеме заедно да се соочиме со тешкотиите и во осаменоста да го откриеме присуството на Бога во нашиот живот. А Тој пак ни помага да го продолжиме патувањето со доверба.

Патриција Мацола и тимот на Слово на животот

 

  

 

1 К. Лубих, Слово на живот јули 2006 година, во истото, Слово на живот, уредено од Фабио Сарти (Дела на Кјара Лубих 5; Città Nuova, Рим 2017) стр. 785.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот