Слово за живот – мај 2023

Слово за живот – мај 2023

Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг! (Рим 12,10)

Словото за животот за овој месец е земено од многу богатото послание на апостолот Павле до Римјаните. Тој го прикажува христијанскиот живот како реалност која изобилува со љубов и тоа со слободна и безгранична љубов која Бог ја излеал во нашите срца, а ние потоа им ја даваме на другите. За да го направи неговото значење уште поефикасно, тој вклучува два концепта во еден збор „philostorgos“. Овој збор поврзува две посебни квалитети на љубовта кои ја дефинираат христијанската заедница: љубовта меѓу пријателите и љубовта во семејството.

Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг!

Да се фокусираме на братството и взаемноста. Како што пишува Павле, членовите на христијанската заедница се сакаат едни со други затоа што секој поединечно е орган еден на друг (12,5), тие се браќа и нивната единствена должност е да се сакаат еден со друг (13,8), тие се радуваат со оние кои се радуваат и плачат со оние што плачат (12, 15), тие не осудуваат и не вознемируваат никого (14,13).

Нашето постоење е тесно поврзано со постоењето на другите луѓе, а заедницата е живо сведоштво за законот на љубовта што Исус го донесе на земјата. Тоа е тешка љубов што оди дотаму што ги положуваме нашите животи еден за друг. Оваа љубов е конкретна, манифестирана преку многу изрази, која му го посакува доброто на другиот, неговата среќа. Тоа им помага на браќата целосно да се реализираат себеси, ги поттикнува да се натпреваруваат во истакнувањето на особините на другите. Таквата љубов гледа на потребите на секого, никого не изоставува, нѐ прави одговорни и активни на општествено и културно поле па и во политичко ангажирање.

Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг!

„Гледајќи ги христијанските заедници во првиот век, забележуваме дека христијанската љубов ги опфаќаше сите и не правеше разлика. И таа имаше свое име, се викаше филаделфија, што значи братска љубов. Во тогашната световна литература, овој термин означува љубов меѓу крвни браќа. Никогаш не се користел за означување на врска помеѓу членови на иста заедница. Исклучок беше само Новиот завет“[1]. Многу млади луѓе чувствуваат потреба за „подлабоки, посрдечни и искрени односи. Меѓусебната љубов на првите христијани ги имала сите карактеристики на братска љубов, како што се силата и наклонетоста“[2].

Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг!

Припадниците на заедниците кои ја живеат взаемната љубов не се повлекуваат во себе, туку се подготвени да се соочат со вистински предизвици во средината каде што делуваат.

Државјанин на Србија од унгарска националност, Ј.К., татко на три деца, конечно успеал да купи стара куќа, но поради повреда во сообраќајна несреќа, немал финансиски ниту физички можности сам да ја обнови. Заедницата на Фоколарите тогаш се кренала на нозе и го спровела проектот Млади за обединет свет #daretocare.

Тој воодушевено раскажува за натпреварот во знак на солидарност за конкретна помош на него: „Многу луѓе дојдоа да ми помогнат, за три дена успеавме да го обновиме покривот и таваните од земја и слама да ги замениме со гипс картон.“ Неколку луѓе од Република Чешка и финансиски ја поддржа работата за реновирање. Со овој гест, пошироката заедница се здоби со препознатливост, надминувајќи ги дури и далечините.

Подготвено од Патрициа Мацола и тимот на Слово за живот

 

[1] К. Лубик, Razgovori s GEN, Zagreb 1993.;

[2] Исто;

Категорија: Вера, Духовност

За авторот