Светиот Отец во пораката која ја објави на 19 август 2017 година на Твитер, порача: „Се молам за сите жртвите од нападите изминатите денови. Слепото насилство на тероризмот не смее повеќе да има место во светот!“
Папата со тоа ја изрази својата длабока жалост заради жртвите и сите оние кои се погодени од терористичките напади, посебно во Уагадугу, главниот град Буркина Фасо, Барселона и неодамна во Финска.
Папата Фрањо во многу наврати го осуди тероризмот, истакнувајќи дека тој е израз на културата на смртта. Во овогодинешната порака по повод Светскиот ден на мирот напиша дека ниту една религија не е терористичка. Со насилството се осквернува Божјото име – продолжи Светиот Отец – нека никогаш не ни досади да повторуваме: „Никогаш Божјото име не може да се користи за оправдување на насилството. Мирот единствено е свет. Единствено мирот е свет, а не војната. (…)
РВ/к.мк