Навистина католиците не треба да слават „Ноќ на вештерки“, бидејќи треба да се посветат на молитва до светците, примерите на христијански живот, но и да се сетат овие денови на покојните, па затоа овие денови се и денови на молитва, медитација, мир и спомен, а не на маскирани забави и окултизам.
Веќе пред празникот Сите светии, некои христијански верници ќе ги „украсат“ своите прозорци и домаќинства со издлабени и осветлени тикви во облик на демонски лица. Ќе побараат хорор филмови и ќе уживаат во нив. Еднодушно ќе соработуваат со воспитувачите во градинките и училиштата. Великодушно ќе ги отворат своите паричници како нивното сакано дете би имало што е можно покрвава облека за приредбата во градинката или во училиштето, како младите погласно и неморално во кафичите би славеле „Ноќ на вештерките“ или вообичаено кажано со „домашен“ речник: ‘Halloween.’
За жал луѓето кои сето ова го поддржуваат, во суштина не знаат што прават. Поради тоа со овој текст сакаме да објасниме. „Ноќ на вештерките“ или обичајот за кој зборуваме потекнува од келтска и паганска религија и од нивните свештеници – друиди. Тој пагански крвав обред се одвивал во последната ноќ од месец октомври. Тогаш друидите ги убивале малите деца и ги принесувале како жртви на нивниот бог на мртвите. Доколку некое семејство доброволно не го предаде на друидите своето детенце, тогаш било убивано целото семејство. Во тоа време кај старите народи практикувањето на такви обредни убиства сееле страв низ Англија, Ирска и Шкотска. Во спомен на таквите обреди денес наивните и непоучени луѓе на тој ист ден слават во Ирска, Америка, Австралија, Нов Зеланд, а за жал и во нашата земја.
Ние Македонците (н.з.) обично се гордееме со својата христијанска вера, повеќевековната културна традиција и христијански начела. Поради тоа е многу тешко да се сфати колку сме наивни: во својата прифатливост за примерите од „странство“ веднаш сме подготвени да го жртвуваме најпрво својот идентитет, а потоа и она што ни е најмило – своите деца. Секоја тиква на прозорецот или било каде и секоја прослава на „Ноќ на вештерките“ всушност ја слави смртта, убиството и злото. Славењето на наведените обреди грубо ги напаѓаат душите на оние кои учествуваат во тоа, а тоа се нашите деца и млади. Наместо да им го подготвиме патот за живот, ние правиме да се поклонуваат на богот на смртта.
Родителот денес како поединец може да биде неук, неупатен и невнимателен. Но оној кој е христијанин, кој е упатен и кој веќе знае нема право да биде невнимателен, да биде наивен. Тогаш тоа е пропуст. Тој пропуст може да го направи родител– верник воспитувач, учител или вероучител. Пропуст може да направи и свештеникот во парохијата, ако како морален авторитет на својата верничка заееница, секоја година одново не објасни што е во сето тоа добро, а што зло.(…)
Секако дека никаво решение не е во констатацијата дека „Ноќ на вештерките“ го празнуваат многумина од нас. Никаква утеха не е во тоа да констатираме дека тоа го прават некои наши добри соседи и познаници. Ако некој човек навистина е верник, тој секогаш и насекаде треба да е застапник на доброто, борец за достоинството и квалитетот на телесното, а најмногу на духовното и душевното здравје.
Живееме во свет кој го обликуваат декларативни права, слободи и можности за почитување на другиот и поинаквиот. (…) Во вашиот реален живот се трудиме да го направиме најдоброто за нашите деца, бидејќи тие ни се најмили и најважни. Затоа нив ги штитат закони, правилници, конвенции, организации, правобранителства… во нашите закони дури е запишано дека родителите имаат право да го воспитуваат детето согласно нивните морални и верски убедувања.
Зошто тогаш дозволуваме лошото друштво постојано да ни го краде родителското право? Зошто никако не успеваме да најдеме малку време и заедно со своето дете да разговараме за тоа што е добро, а што е зло? Зарем навистина не знаеме на своето дете во топлината на семејниот дом да му објасниме за христијанските празници? Зарем и понатаму наивно ќе мислиме дека тоа нешто за нас ќе го направи некој друг?
СЛАВЕТЕ ГО ИСУС, а не ноќта на вештерките!
Фра Ѕвездан Линиќ