На крајот од Генералната аудиенција во среда 7 септември 2022 година, Папата упати силен апел, речиси крик, до мноштвото верници собрани на плоштадот Свети Петар, но всушност до целото човештво, повикувајќи го секој човек на одговорност во градењето на мирот.
Во Украина е во тек 196. ден од војната, земјата се уште се тресе, а украинскиот народ плаче – рече во својата последна порака поглаварот на Источно католичката црква во Украина, неговото блаженство Свјатослав Шевчук, осврнувајќи се на борбите што продолжуваат во регионите Харков, Доњецк и Луганск. И папата Фрањо ги насочува своите мисли токму на овие простори и тоа го направи уште еднаш на оваа Генерална аудиенција одржана на плоштадот Свети Петар, каде што забележа украински знамиња меѓу присутните луѓе.
И не ја заборавам измачената Украина. Таму има знаме .
Веднаш потоа упати силен апел, речиси крик, во кој ги повикува сите луѓе на одговорност, бидејќи, како што рече на Генералната аудиенција минатата среда, војната веќе стана глобална.
Имајќи ги предвид сите воени сценарија на нашето време, ги молам сите луѓе да бидат градители на мирот и да се молат во целиот свет да се рашират мисли и проекти на хармонија и помирување. Денеска доживуваме светска војна, да ја прекинеме, ве молам!
На крајот, папата Фрањо и ги довери жртвите од сите војни на Дева Марија, на која ги посвети Русија и Украина и која без престан ја повикува, а особено – како што рече – за саканиот украински народ.
Ватикан њуз/к.мк