Во сабота на 10 јуни се одржа првата Светска средба „Not Alone“ на плоштадот Свети Петар во Ватикан со сведоци за братството и уметници како Андреа Бочели, Ал Бано, Стјепан Хаузер и други. На настанот присуствуваа семејства и здруженија заедно со оние кои живеат на маргините на општеството, од најсиромашните и бездомниците до мигрантите и жртвите на насилство и трговија со луѓе.
Настанот кој папата Фрањо многу го посакуваше и со нетрпение го очекуваше се одржа во саботата, на 10 јуни 2023 година, на плоштадот Свети Петар, со почеток во 16.00 часот, но кој започна веќе утрото со средби на кои присуствуваа околу 30 добитници на Нобеловата награда за мир, заедно со млади, здруженија и претставниците на третиот сектор, со цел да се сфати каков свет е можно да се изгради вдахновувајќи се од идејата за братство како што е изразено во енцикликата Fratelli tutti.
Светската средба за човечко братство „Not Alone“ сакаше повторно да го разгори сонот за братство на папата Фрањо, а беше и можност за блиска средба и молитва за Светиот Отец, кој требаше да биде присутен на овој настан.
Настанот го организираше Фондацијата Fratelli tutti во соработка со базиликата Свети Петар, Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој и Дикастеријата за комуникации.
Ватикан њуз/к.мк