Во недела 12 декември 2021 година, во дворот на катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, во организација на Македонски Каритас и скопската парохија Пресвето Срце Исусово се одржа традиционалниот Божиќен саем.
На саемот можеа да се вкусат разни, специјалитети, да се купат традиционални божиќни колачи и пригодни подароци за престојните божиќни и новогодишни празници.
Целиот приход е наменет за сиромашни луѓе, кои живеат на работ од општеството, на кои им помага Каритас.
Божиќниот саем има хуманитарен карактер, на него учествуваа претставници на амбасади, граѓански здруженија, компании и верници.
Ватикан њуз/к.мк