Сестра Рафаела Петрини е именувана за генерална секретарка на Државната управа на градот Ватикан
![Сестра Рафаела Петрини е именувана за генерална секретарка на Државната управа на градот Ватикан](https://katolici.mk/wp-content/uploads/2021/11/11280-800x500_c.jpeg)
Папата Фрањо ја именува сестрата фрањевка Рафаела Петрини за нова генерална секретарка на Државната управа на градот Ватикан. За нејзин заменик е именуван италијанскиот адвокат Џузепе Пуглиси-Алибранди, шеф на правното одделение на Управата.
Сестра Рафаела Петрини е член на фрањевските сестри на Евхаристијата. Од 2005 година работи како службеничка во Конгрегацијата за евангелизација на народите. Таа е родена во Рим на 15 јануари 1969 година и дипломирала политички науки на Слободниот меѓународен универзитет за општествени науки Гвидо Карли (LUISS) и докторирала на Универзитетот Свети Тома Аквински, каде што моментално е професорка.
Папата именува и нејзин заменик – италијанскиот адвокат Џузепе Пуглиси-Алибранди, кој досега ја водеше правната канцеларија на државната управа на градот Ватикан. Алибранди е роден во Рим на 23 октомври 1966 година и дипломирал право на Универзитетот во Ла Сапиенца. Од 2014 година е службеник во управата, а од 2017 година е раководител на правното одделение.
Кардиналот Мауро Гамбети е именуван за член на Папската комисија за државата Ватикан.
Ватикан њуз/к.м