Семејството Матиќ поклони свечена Библија на Скопската катедрална парохија

Семејството Матиќ, Сречко, Божо, Филомена и Иво од Скопје, непосредно пред Јубилејот на Милосрдието на парохијата Пресвето Срце Исусово – Скопје поклони престижно издание на Библијата. Ова издание е едно од 1500 примероци на посебното издание кое во 2008 година во Загреб ја издадоа издавачките куќи: Мозаик књига и Кршќанска садашњост. Ова издание е издавачко ремек дело со повеќе од 300 репродукции на илустрации кои датираат од 1000 до 1610 година, а од од нив околу 100 се украсени со златни фолии. Насловните корици се рачно изработени од кожа и златни орнаменти.

Свечената Библија прв пат беше изложена за време на Светата Миса при отворањето на Светите врати и Јубилејот на милосрдието во катедралата во Скопје.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот