По повод Светскиот ден на хуманитарната помош, 19 август Каритас Интернационалис побара гаранција за безбедност и помош на населението во Авганистан и народите во Хаити и Либанон.
Климатските промени сѐ повеќе го загрозуваат светот и го поставуваат прашањето дали хуманитарната помош е победносна или поразителна се истакнува во пораката на генералниот секретар на ООН по повод Светскиот ден на хуманитарната помош, кој меѓународата заедница го одбележува на денот на убиството на 22 хуманитарни работници во ирачкиот главен град Багдад на 19 август 2003 година. Со одбележувањето на тој ден се сака да се поттикне светската јавност на размислување за последиците од климетските промени со еколошки, општествени, економски, дистрибутивни и политички импликации, како што предлага папата Фрањо во енцикликата Лаудато Си.
Се проценува дека во текот на оваа година повеќе од 235 милиони луѓе ќе им треба хуманитарна помош и заштита. Европската унија тврди дека заради спасувањето на животите не смеат да страдаат други луѓе. Во текот на 2020 година смртно настрадаа 108 хуманитарни работници и 125 се киднапирани, а оваа година до сега на нив се извршени 105 напади. Во текот на идните пет години ЕУ има намера да вложи во хуманитарна помош 11,5 милијарди евра. Каритас Интернационалис ги повикува политичките водачи на преземање храбри чекори за пружење помош на народите погодени од климатските промени и пандемијата како последици од политичките нереди во Авганистан и Либанон. Природните катастрофи кои негативно влијаат на најсиромашните нации бараа одлучни и усогласени политички акции околу заштитата, одбраната и спасувањето на животот. Неодамнешниот земјотрес на Хаити се случи среде политичка и економска криза и претставува голем и итен хуманитарен предизвик, се истакнува во апелот на Меѓународниот Каритас.
Ватикан њуз/к.мк