Папата Фрањо ја прими заедничката католичко-православна работна група „Свети Иринеј“. „Со задоволство свети Иринеј ќе го прогласам наскоро за црковен учител со титула Doctor unitatis“, рече Папата.
„Благодарен сум за теолошката работа што ја извршувате во служба на единството меѓу католиците и православните. Благодарност до кардиналот Кох за воведните зборови. Бев импресиониран од она што тој го рече за вашата специфична задача: заедно да барате начини, преку кои различните традиции можат да се збогатат едни со други без да го изгубат својот идентитет. Со овие зборови, Папата ги пречека членовите на Православно-католичката заедничка работна група „Свети Иринеј“ во Апостолската палата во Ватикан.
Оваа работна група е основана во Пандерборн во 2004 година и се состои од 26 теолози, 13 католици и 13 православни.
„Добро е“, рече Папата, „да се негува заедништвото збогатено со разлики што не подлегнува на искушението на хомогеност“. Инспирирани од овој дух, вие дискутирате едни со други за да разберете дека различните аспекти присутни во нашите традиции, наместо да водат до конфронтација, можат да бидат важни можности за изразување на заедничката апостолска вера“, рече папата.
„Ми се допаѓа и вашето име“, продолжи Папата, „не комисија или одбор, туку „работна група“: група која собира експерти за братски и трпеливи дијалози од различни цркви и различни земји кои сакаат да се молат и да учат заедно за единството“. Во блиска иднина, со задоволство ќе го прогласам Свети Иринеј Лионски за Учител на Црквата, со наслов „Doctor unitatis“. Вашиот патрон, Свети Иринеј Лионски, кој дојде од Исток и ја извршуваше својата епископска служба на Запад, беше голем духовен и теолошки мост помеѓу источните и западните христијани.
Ви благодарам за ова, а особено за студијата што неодамна ја објавивте, насловена „Во служба на заедништвото. Преиспитување на односот помеѓу приматот и синодалноста.“ Преку конструктивно трпение во дијалогот, особено со православните цркви, подобро разбираме дека приматот и синодалноста во Црквата не се два конкурентни принципи кои мора да одржуваат рамнотежа, туку две реалности што се составени и меѓусебно се поддржуваат во служба на заедништвотот“, продолжи Папата.
За Папата, „плодниот пристап за приматот во теолошките и екуменските дијалози може да се заснова само на размислување за синодалност. Нема друг начин. Верувам, заклучи тој, дека со Божја помош, синодниот пат, кој ќе биде отворен за неколку дена во сите католички бискупии, ќе биде можност да се продлабочи овој важен аспект заедно со другите христијани.
Ватикан њуз/к.мк