Свети Григориј од Нарек е новиот црковен научител

Свети Григориј од Нарек, Ерменија, (X – XI век) свештеник и монах во манастирот Нарекавкан, од страна на папата Фрањо ќе биде прогласен за црковен учител.

Свети Григориј од Нарек наскоро ќе се вброи меѓу црковните научители, со тоа што тој стана 36-ти светец кој ќе ја носи оваа возвишена титула, после свети. Иван Авилски и света Хилдегард од Бинген, кои за научители ги прогласи почесниот папа, Бенедикт XVI, во 2012 година.

Папата Фрањо во саботата, на 21 февруари, на приватна аудиенција го прими кардиналот Анџело Амато, префект на Конгрегацијата за прогласување на светци и потврди дека титулата научител на Универзалната Црква ќе му се даде на свети Григориј од Нарек, свештеник и монах, кој е роден околу 950 година, а починал околу 1005 година во тогашна Ерменија, односно денешна Турција.

Григориј е роден во малото село Нарек во семејство на писатели. Мајка му починала уште додека бил дете, а неговиот татко, Косров, откако стана архиепископ, ги доверил Григориј и неговиот брат Иван на нивната роднина Ананија од Нарек, основателка на селскиот манастир и училиште. Григориј влегол во манастирот Нарекавкан, а по свештеничкото ракополагање  станал игумен, поминувајќи го својот живот во работа, молитва и понизност, управуван од љубовта кон Христос и Богородица.

Свети Григориј бил посебен теолог и еден од најважните поети во историјата на ерменската литература. Во неговите дела спаѓаат Коментарот за Песната над песните и Нарек – збирка од 95 молитви во стихови. Неговиот гроб, се наоѓа во споменатиот манастир и сѐ до ерменскиот геноцид било место за поклоничко патување и молитва.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот