Светиот Престол: Запрете ја контрапродуктивната нелогичност на војната на Блискиот Исток

Светиот Престол: Запрете ја контрапродуктивната нелогичност на војната на Блискиот Исток

Надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации минатиот петок на Генералното собрани на ОН – на кое се расправаше за Агенцијата за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA).

Надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации минатиот петок на Генералното собрани на ОН – на кое се расправаше за Агенцијата за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) – порача дека „миротворството и смислен дијалог вклучувајќи и вистински билатерални преговори морат да ги заменат контрапродуктивното нелогично насилство и војната на Блискиот Исток.“

„Светиот Престол забележува дека подрачјата за која е одговорна оваа агенција на ООН вклучува и територии на древни христијански центри. На тие подрачја христијаните низ два милениуми – заедно со другите етнички и верски групи – биле дел од културата и историјата на народот во регионот,“ рече надбискупот Ауза. Тој рече дека бројот на христијаните драстино е намален, а сега и тие се бегалците за кој се грижи UNRWA. „Присилени на насилни прогони – на некои места со отворени масакри – и сурови геополитички околоности во регионот ги напуштиле своите домови“ и се во преселиле во други делови во своите земји или во потрга за мир и сигурност го напуштиле регионот – истакна надбискупот Ауза.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот